Поврзи се со нас

Гостивар

Синдикатот против поскапувањето на струјата, бара зголемување на сите плати и пензии

Објавено

на

Сојузот на синдикати на Македонија бара Регулаторната комисија да ја преиспита одлуката за покачувањето на цената на електричната енергија.

„Во услови на здравствена криза, која имаше и сѐ уште има големо влијание и врз економијата и врз сигурноста на работните места, како и во услови кога годинава Минималната плата е зголемена за само 2,99%, просечната плата од јануари до мај 2020 година е намалена за 4,18%, а трошоците на граѓаните се зголемени заради кризата, Сојузот на синдикатите на Македонија и синдикатите здружени во него, не се согласуваат да има покачување на цената на електричната енергија, а особено не поради тоа што истата ќе падне на грбот на работниците, пензионерите, невработените, односно граѓаните. Сојузот на синдикатите на Македонија не е организација која ги регулира цените на одредени услуги или производи, но смета дека со Одлуката на Регулаторната комисија за покачување на електричната енергија за 7,4%, здравствената криза може многу лесно да се претвори и во економска криза.“, наведуваат од ССМ.

Според синдикатот, ако не се повлече одлуката за поскапување на струјата, треба да се покачат платите и пензиите.

„Доколку избрзаното покачување на цената на електричната енергија не биде повлечено, потребно е зголемување на сите плати и пензиите, во висина на зголемените трошоци за живот или скалесто за најмалку 7,4%, и тоа само за да се подмири просечната потрошувачка на електрична енергија која едно домаќинство би го чинело дополнителен издаток од платата, пензијата или другите примања. Не сакаме нашите граѓани, кои ќе бидат оневозможени да ги подмират зголемените сметки на електрична енергија, да станат таргет на извршување од извршителите и затоа уште еднаш укажуваме дека Регулаторната комисија треба да ја преиспита Одлуката за зголемување на цената на електричната енергија“, стои во соопштението.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Македонијапред 2 недели

Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус

Вестипред 3 недели

УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ

Гостиварпред 4 недели

Полициски службеник и уште едно лице осомничени за продажба на кокаин во Гостивар, Тетово и Скопје

Гостиварпред 4 недели

Во Гостивар одбележани 80 години од загинувањето на борецот херој, Сретко Крстески

Гостиварпред 3 недели

Пронајдени гранати при ископ на тротоар во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Пукање на улица во Гостивар, едно лице лишено од слобода

Гостиварпред 3 недели

Таравари во болницата во Гостивар промовираше инвестиции од околу 400.000 евра

Гостиварпред 4 недели

Повреден 18 годишник од Гостивар на забава во викендица во Маврово

Гостиварпред 4 недели

Четири момчиња ноќеска завршиле во полициска станица во Гостивар

Гостиварпред 1 месец

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 3 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 4 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 9 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 9 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 11 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 11 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 1 година

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 1 година

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена