Здравје и убавина
Сируп кој го лечи болното грло за само четири часа

Сезоната на настинки и вируси, за жал фаќа се` поголем замав, а болното грло е особено чест и непријатен проблем.
Во аптеките може да се купат најразлични лекови кои ја ублажуваат болката во грлото, но лекови од таков тип можеме да си направиме и сами. Во времето на нашите предци немало аптека на секој чекор, па тие морале да испробуваат рецепти со оние состојки што им стоеле на располагање.
Овој лек што се прави според стар рецепт може да ви помогне да го излечите болното грло и воспалението на крајниците за само четири часа.
Потребни состојки:
● 250 мл. вода
● 80 гр. мелен ким
● 1 лажица оцет
Подготовка:
Кимот сомелете го во мелница за кафе. Ставете 200 милилитри вода во лонче, додадете го кимот и ставете го да проврие. Оставете да врие на слаб оган околу 15 минути. Би требало да добиете густа и леплива смеса.
Тогаш додадете уште 50 милилитри вода и почекајте уште еднаш да проврие. Тргнете го од оган, оставете го да се излади, а потоа додадете го оцетот.
Земајте по една лажица од овој напиток на секој половина час. Веќе после два часа би требало да почувствувате и значајно олеснување, а после четири часа болката би требало и целосно да исчезне.
- Македонијапред 4 недели
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 4 недели
Се празнува Спасовден
- Македонијапред 3 месеци
Од полноќ ново поскапување на горивата
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 1 месец
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!