Поврзи се со нас

Македонија

Сите 18.700 деца питачи да се вратат во училиштата и градинките, бара Градиме иднина

Објавено

на

Здружение Градиме иднина – Скопје бара Министерството за образование и наука и Владата од буџетот на државата да издвојат средства за проектот „Стоп против питачењето и злоупотребата на децата“ и сите 18 700 деца кои се на улица да се вратат во училиштата и да се згрижат во градинките.

Претседателот на здружението Градиме иднина – Скопје, Илија Јовановиќ, денеска имаше работна средба со министерот за образование и наука Јетон Шаќири и дел од неговите соработници. Како што истакна, на средбата побарал да се најде решение за децата од улица да се вратат во училиштата и градинките и да се одвојат финансии и за овој проект како што се помогна за 60 деца и младинци без родители, кои не го завршија средното образование.

„Министерот рече дека целосно ќе се вклучи и ќе го поддржи овој проект и дека ќе се решат проблемите на сите тие 18 700 деца кои се на улица“, истакна Јовановиќ на денешната прес-конференција.

Тој изјави дека овој проект во последните две години вроди со плод. Како што истакна, во Скопје веќе седум локации исчистиле од питачи и упати апел и до министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, да формира повеќе мобилни екипи кои ќе работат на терен во три смени со цел да се спречи оваа состојба.

„Една мобилна екипа на ниво на градот Скопје не може да го исполни капацитетот затоа што секојдневно само во главниот град питачат 250 деца, меѓу кои има носени и од другите градови од државата“, рече Јовановиќ.

Како што изјави, здружението во изминативе две години имале работни состаноци со Министерството за труд и социјална политика кои вродиле со плод.

„Министерството ја има целата информација колку питачи секојдневно се отстрануваат во градот Скопје и што се презема. Многу е слаб одзивот на овој проект, но не губиме надеж. Доволно е што сега Министерството за внатрешни работи поднесе девет кривични пријави до организаторите и други поригорозни мерки се преземаат и им се одзема родителското право на родителите“, додаде Јовановиќ.

Министерката за труд и социјална политика денеска на настанот по повод промоција на Протоколот за постапување со деца со дијабетес во училиштата и детските градинки, во врска со оваа проблематика најави дека пред да настапи зимскиот период, ќе работат на поголема присутност на тимовите на оние места коишто се најфреквентни, каде често се среќаваат децата на улица. 

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 2 часа

Света литургија во црквата ,,Успение на Пресвета Богородица” во Гостивар: Не осудувајте, не мразете, од срце проштевајте!

Рецептипред 3 часа

Крцкав чипс од тестенини – совршена закуска за секоја прилика

Технологијапред 18 часа

Зошто треба да е вклучен авионскиот режим на електронските уреди додека се лета со авион?

Македонијапред 20 часа

Протестен марш „Стоп за сообраќајното насилство“- Правда за Фросина

Македонијапред 22 часа

Прометот во големите маркети во четврток и петок намален за 22%

Македонијапред 1 ден

Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство доби веб страница

Македонијапред 1 ден

Како до поголема сообраќајна безбедност: Затворски казни, одземање возила, ефективни контроли за градење сообраќајна култура…

Здравје и убавинапред 1 ден

Лути и лековити – намирници кои го зајакнуваат вашето здравје

Спортпред 2 дена

Шампионот се сопна во „Младост“ КК Гостивар – МЗТ Скопје 60:55

Гостиварпред 3 недели

Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар

Гостиварпред 3 недели

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 4 недели

Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар

Магазинпред 4 недели

Зошто не треба да ги плакнете садовите пред да ги ставите во машина за миење садови?

Гостиварпред 4 недели

Растечки тренд на разводи во Гостивар, се распаѓаат бракови и по 20 години заеднички живот

Гостиварпред 2 недели

Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди

Гостиварпред 2 недели

Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека

Гостиварпред 2 недели

Калта и загадувањето во Гостивар од изградбата на Коридорот 8, тема во Локалниот совет за превенција

Гостиварпред 4 недели

Сучење на врвките за градскиот крст во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 3 недели

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 1 месец

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 3 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 5 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 6 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 11 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 11 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- Хидротермика системи ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена