Рецепти
Сите бои во едно јадење – пробајте корејски палачинки со зеленчук
Овој рецепт особено ќе ги воодушеви љубителите на зеленчукот и оние кои сакаат да ги имаат сите бои во едно јадење. Корејските палачинки се подготвуваат лесно, превкусни се и многу убаво изгледаат кога ги сервирате во чинија.
Состојки:
3 листа кинеска зелка
2 моркови
1 главица кромид
1/2 црвена пиперка
1/2 тиквичка
1 компир
За смеса:
2 јајца
2 чаши брашно
2 чаши вода
4 лажици масло
1 лажичка сол
Зачини:
Сусам, оригано и други по вкус
Подготовка: Добро се мешаат јајцата, брашното, водата, солта и маслото. Зелката, пиперката, кромидот и тиквицата, убаво се мијат и се сечат на тенки ленти, а морковот и компирот, треба да се изрендаат. Потоа смесата и така подготвениот зеленчук се мешаат, па се додаваат зачините. Палачинките се пржат исто како и обичните, на тефлонско тавче со намачкано малку масло или путер.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар