Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

  • Дата: 06/02/2019 | 20:13

Сите ќе бараат репете – Сочна пита со фета сирење

Ова е еден од специјалитетите, кои се идеални за појадок или вечера. Питата со фета сирење и јогурт е толку сочна и се топи во уста, што сите ќе бараат парче плус. Подготовката не бара многу време и којзнае какви кулинарски способности, што ја прави оваа пита уште поомилена за секое домаќинство.

состојки:

4 јајца

250 гр. брашно

100 мл. масло

200 гр. густ јогурт

300 гр. фета сирење

150 мл. млеко

прашок за пециво

сол

подготовка: Со миксер најпрво изматете ги белките од јајцата, а откако добро ќе се изматат додадете ги жолчките и убаво соединете. Фета сирењето изгмечете го добро заедно со млекото и јогуртот. Двете смеси ставете ги во друг сад, каде претходно ги ставивте брашното, прашокот за пециво, солта и мешајте додека не добиете совршено соединети состојки. На крај додадете го маслото.

Кога убаво ќе се измеша, смесата рамномерно распоредете ја во плех. Питата печете ја во загреана рерна на 180 степени околу 40 минути.

Оставете коментар

Вашата Емаил адреса нема да биде објавена.Задолжителните полиња се означени *

*