Македонија
Домашните миленичиња задолжително со микрочип
Агенцијата за храна и ветеринарство изврши набавка на 100 илјади микрочипови наменети за домашните миленичиња. Сите граѓани коишто имаат домашно милениче ќе мора да го чипираат, а базата на чипот ќе служи за здравствена легитимација на животното со податоци за сопственикот.
„Микрочиповите се наоѓаат во магацините на Агенцијата. Во тек е склучување на договорите со ветеринарните друштва кои треба да ги аплицираат микрочиповите по што ќе следи нивно распоредување кај сопствениците“, изјави директорот на Агенцијата, Зоран Атанасов.
Микрочипирањето на кучињата и мачките, ќе биде бесплатно, но сопствениците ќе треба сами да ги сносат трошоците за вакцина против беснило и за пасош, што изнесуваат околу 800 денари. Казните за сопственикот кој не го идентификувал својот миленик со микрочип се движат околу 100 до 150 евра.
Според последните податоци до сега, микрочипови имаат околу 4.000 миленици.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград