Поврзи се со нас

Македонија

Сите стечајни управници со лиценци ќе преполагаат, освен оние над 64 години

Објавено

на

Министерот за економија Крешник Бектеши соопшти дека согласно Законот за инсолвентност, сите стечајни управници кои имаат лиценци ќе преполагаат, но не и оние што имаат над 64 години. Тие, како што нагласи, немаат право да полагаат.

-Само во Северна Македонија се случува во последните години, за жал, со секоја почит, стечајни управници со над 70 години да водат милионски предмети и да ги одложат, а ние не сме веќе деведесеттите години кога се направени приватизациите, туку сме во 21 век и согласно одредбите, очекувањата од 21 век, така ќе постапиме, рече Бектеши одговорајќи на новинарски прашања по денешната 6. седница на Мешовитата комисија за економска соработка помеѓу Северна Македонија и Република Турција.

На прашањето дали „Балкан јутилитис“  ќе тргува и со струја во земјава, Бектеши истакна дека одговорот треба да се бара во Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

-За „Балкан јутилитис“ треба да се обратите во РКЕ, бидејќи таму се доставуваат барања за добивање лиценца. Немам такви информации, најверојатно ќе ве известат во текот на денот, истакна министерот.

Во врска, пак, со одлуката да не се зголемат платите во Министерството за финансии за 30 отсто, одговор, според Бектеши, треба да се бара во самата институција или кај ресорниот министер Фатмир Бесими.

Бектеши рече дека не присуствал до крај на вчерашната владина седница кога помина ваквата одлука, односно дека, како што рече, веќе не бил таму кога се отворило тоа прашање.

-За ова прашање треба да се обратите до Министерството за финансии или лично до министерот Бесими. Да бидам искрен, не бев на вчерашната владина седница до крај, а додека бев таму темата не беше отворена. Одлуката е на Бесими, во делот на тоа како одлуките ги носи МФ и немам некаков одговор. Јас како м за економија секогаш сум за да се згоелмат палтие и во приватниот и во јавниот сектор, и тоа треба да се направи  согласно законските одредби, напомена Бектеши.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Здравје и убавинапред 39 минути

Летно-зимско време…Кои се последиците од поместувањето на часовникот

Гостиварпред 3 часа

Кривична за измама против гостиварец, наплатил 1.800 евра да направи кујна ама не ја испорачал

Македонијапред 5 часа

Годинава ќе има дополнително олеснување на државната матура

Македонијапред 6 часа

Доделени годишните новинарски награди на Здружението на новинари на Македонија

Гостиварпред 7 часа

На Светскиот ден на театарот Гостиварски театар започна подготовка на нова претстава, комедија за бракот

Македонијапред 8 часа

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Гостиварпред 10 часа

Усмртена мечка на патот Тетово-Скопје, возачот повреден

Гостиварпред 10 часа

Неделна акција на полицијата за брзо возење-49 казни во Гостивар, 99 во Тетово

Вестипред 12 часа

Ќе ставам крај на војната во Украина за 24 часа, вети Трамп

Гостиварпред 6 дена

Комуналец Гостивар по прекинот во водоснабдувањето: Водата од градскиот водовод да не се пие

Гостиварпред 3 недели

ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар

Вестипред 3 дена

Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион

Гостиварпред 3 недели

Гостивар е се‘ уште без вода, се комплицирала работата на терен, екипи санираат дефект

Гостиварпред 3 недели

Утре во Гостивар ќе нема вода повеќе часови

Гостиварпред 4 недели

45 семејства во Гостивар конечно добија клучеви од социјалните станови

Гостиварпред 1 недела

Во понеделник дел од Гостивар 5 часа без струја, ќе биде исклучено и училиште

Гостиварпред 2 недели

Автопатот Тетово-Гостивар ќе почне да се гради на 22 април, ќе чини 125 милиони евра според првична пресметка

Македонијапред 3 недели

Пред општинската зграда во Ростуше покрај македонското поставено и турското знаме

Популарно изминативе 100 дена