Вести
Сите тајни на насмевката :)
Насмевката е универзален јазик кој подеднакво го разбираат сите луѓе на светот дури и оние од најдалечните, најнеистражените и најзаостанатите заедници на светот. Самиот чин на смеење ни го поправа расположението, ни го зајакнува имунитетот и нѐ ослободува од стресот, а ова се само некои супермоќи кои се кријат позади насмевката, универзален знак за среќа, пријателство и добра намераа.
Сме се смееле и пред да се родиме
Иако бебињата повеќето работи ги учат набљудувајќи ја околината и луѓето околу себе, смеењето не е една од нив. Бебињата се раѓаат со способност за насмевка. Дури и бебињата родени слепи се насмевнуваат кога ќе го чујат човековиот глас.
Но, тоа не е сѐ, Новата 3D ултразвучна технологија јасно покажува дека кај некои бебиња, повремено, се појавува насмевка на лицето пред да се родат.
Професорот Стуарт Кембел, кој е еден од првите научници кои откриле дека бебињата во матката на мајката го менуваат изразот на лицето, рекол: “Што се крие позади насмевката(во матката), секако, не можам да кажам… Но ова мора да биде некој показател на задоволство во околината ослободена од стрес.“
Сите се смеат
Насмевката е еден од основните, биолошки единствени изрази на сите луѓе на светот. Пол Екман, водечки светски стручњак за изразите на лицето, открил дека насмевката во сите култури насветот има исто и единствено значење.
Во студија која ја спровел во Нова Гвинеја, Екман утврдил дека членовите на племето Форе, кои се потполно исклучени од западната култура и цивилизација и кои се, исто така, познати по своите необични, канибалистички ритуали, се смеат на исти ситуации на кои би се насмевнал и било кој друг човек на планетава.
Чарлс Дарвин го утврдил истото во време кога повеќето светски научници сметале дека смеењето не е универзална појава. Малку познат факт е дека токму Дарвин спровел една од првите студии за тоа како луѓето ги препознаваат емоциите на лицето.
Во 1872-ра година, Дарвин го објавил своето истражување за изразувањето на емоции на луѓето и животните, во кое тврди дека сите луѓе, па дури и животните, покажуваат емоции низ, неверојатно, слични начини на однесување. За Дарвин, насмевката, како универзален израз на емоција, имала еволуциско значење кој би можел историски да се следи во сите култури и краеви на светот.
Денес многу психолози се сложуваат дека одредени емоции се универзални за сите луѓе, без исклучок: лутина, страв, изненадување, гадење, среќа и тага.
Насмевката е најчест вид на комуникација
Насмевката е најпрепознатливиот израз на лицето во светот. Толку е лесен за препознавање што може да го препознаете на далечина од 100 метри!
Но овој израз на лицето не е само најпрепознатлив, туку е и најчест. Повеќе од 30% од возрасните луѓе се насмевнуваат повеќе од 20 пати дневно, а помалку од 14% се насмевнуваат помалку од 5 пати дневно. Децата се смеат дури до 400 пати дневно!
Дали некогаш сте се запрашале зошто, претежно, сте насмеани кога сте во присуство на деца? Одговорот е едноставен, смеењето е заразно, а научници во Шведска ова го потврдиле во истражување спроведено на Универзитетот Упсала, во кое заклучиле дека испитаниците, едноставно, немаат контрола над мускулите на лицето кога некој во нивна близина се смее.
Насмевка, успех и должина на животот
Студија на УЦ Баркли Универзитетот која траела 30 години и која ја проучувала насмевката кај студентите на училишните фотографии покажала зачудувачки резултати.
Истражувачите можеле точно да предвидат исполнети и долготрајни браковите на студентите, какви ќе бидат резултатите на стандардизираните тестови за благосостојба и општа среќа, а и како, студентите, ќе делуваат на други луѓе. Студентите кои имале најширока насмевка на фотографијата имале најдобри резултати и ги исполниле сите очекувања, додека оние кои не се смееле имеле најлоши резултати, најмалку среќа во бракот и генерално, најмалку успех во животот.
Но оваа студија не е единствена која ја покажала тајната на моќта на насмевката. Истражувачки проект од 2010-та година, спроведен на Вејн Стејт Универзитетот проучувала фотографии на бејсбол играчи од 1952-ра година. Студијата покажала дека ширината на насмевката на играчите можела да ја предвиди должината на нивните животи. Играчите кои немале насмевка на лицето живееле, во просек, 72,9 години, додека играчите со ведра и широка насмевка, во просек, ќивееле 79,9 години.
Колку “вреди“ една насмевка?
Во истражување спроведено во Велика Британија (со помош на електромагнетен инструмент, кој го скенира мозокот и срцето, односно го покажува нивото на задоволство), британските научници откриле дека една насмевка може да предизвика исто ниво на мозочна стимулација како и 2.000 чоколади, односно како примање на 16.000 фунти (околу 20.000 евра) во кеш.
Но, големината на уживањето зависи од тоа кој ви се насмевнал. Детските лица или славните личности имаат многу подобар учинок одколку политичари или на пр. членови на кралското семејство во Британија. Додека насмевката на дете е изедначена со 2.000 чоколади или 16.000 фунти, насмевката на саканата личност изнесува околу 600 чоколади или 8.500 фунти, додека насмевката од пријател е вредна околу 200 чоколади.
Други истражување покажало дека големи се шансите дека насмевката ќе создаде краткоорочно уживање посилно од сексуалното уживање, шопингот, конзумирање чоколада, цигари, кафе…
Доктор Давид Луис, психолог, анализирал клиничките тестови и изјавил: “Силни емоции се активираат кога некој, кој го сметаме за важен во нашиот живот, ќе ни се насмее, а ние ќе ја возвратиме насмевката. Ова ја менува хемијата во нашиот мозок. Ова создава, она што се нарекува “ало“ ефект, кој ни помага да се сетиме на други среќни случки, а и да се чувствуваме пооптимистички, попозитивмо и помотивирано.“ Потоа Др. Луис додава: “За разлика од насмевката што сме ја добиле од најмилите, откривме дека лажната насмевка на политичарите има спротивен ефект кој на набљудувачот му создава неверна и лицемерна слика на оној што се смее.“
Смеењето е здраво
Смеењето е убедливо најсилен лек против стресот, а смеењето 100 пати на ден е еднакво ефикасно како 15 минути возење велосипед. Покрај подобрувањето на расположението, кое автоматски го намалува нивото на стрес, смеењето му помага на вашето тело во борбата против инфекции, ја намалува болката и го зајакнува имунитетот.
Научниците денес потврдуваат дека произведуваме поголеми количини на адреналин и кортизол кога сме под стрес. Ваквата состојба ги зголемува бројот на срцеви одчукувања и влијае на протокот на крв како би се осигурало да виталните органи за “борба или бег“ (нозе, раце..) добијат повеќе крв, на штета на органите за варење и слично.
Според бројни истражувања, насмевката има смирувачки ефект на нашето тело и ни помага да се вратиме од состојба на “приправност за борба“, кој предизвикува стрес, во нормална состојба и нормално функционирање на сите органи во телото.
Ендорфините (природни средства против болки) ја имаат таа прекрасна можност да ни овозможат чувство на среќа, а кога се смееме, тие се ослободуваат во нашиот мозок. Значи, дури и да не сте задоволни кога ќе почнете да се смеете, сосема е сигурно дека ќе бидете многу посреќни и подобро ќе се чувствувате после само неколку моменти.
И уште неколку факти за ссмеењето…
– Истражувањата покажуваат дека насмевката, значително, ќе ви ја зголеми шансата да се вработите, или да добиете унапредување на работа. Насмевката нѐ прави попривлечни, подруштвени и посамоуверени.
– Општо, жените се смеат повеќе од мажите, но кога учествуваат во иста работа или социјални ситуации, и мажите и жените се смеат подеднакво.
– Истражувачите идентификувале 19 видови на насмевка и сврстиле во две категории: љубезни “социјални намевки“ и искрени насмевки за кои се користат значително повеќе мускули на двете страни на лицето.
– Истражување спроведено од страна на Орбит Комплит открило дека 69% од мажите ги сметаат жените попривлечни кога се смеат одколку ког се нашминкани.
– За смеење лицето користи од 5 до 53 мускули на лицето, а научниците откриле дека на нашето тело му е многу полесно да се насмее одколку да се намршти.
– Психолозите откриле дека дури и ако сте во лошо расположение, можете брзо да го поправите вашето расположение присилувајќи се на насмевка.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди