Гостивар
Сите тестирани средношколци со коронаскринингот во Гостивар се негативни

Денес и утре се спроведува скринингот за коронавирус во гостиварските училишта. Со тестирања со брзи антигенски тестови, најпрво беа опфатени средношколците. Сите тестирани ученици добија негативен резултат.
„Денес почна скринингот за ковид во средните училишта во Гостивар, додека утре ќе продолжи во основните. Изборот на ученици кои влегуваат во скринингот беше од стран ан Министерството за здравство по случаен избор, по што беа известени директорите и класните раководители, кои имаа должност да побараат согласности од родителите. До сега сите тестирани ученици се негативни. Општо состојбата со ковид во училиштата и градинките во Гостивар е стабилна, нема пријавени заразени ученици или наставен кадар“, информираше Аслијан Снопче, раководител на општинскиот Сектор за образование.
Во некои училишта не беа тестирани сите ученици ставени на списокот, поради отсуства или други причини, но најголемиот дел сепак се опфатија со проверката. „Во нашето училиште согласности дадоа 28 родители, а денес беа тестирани 21 ученик, додека 7 не се појавија. Нормално се случува ученик да отсуствува или пак можеби некој се премислил и се повлекол. Ќе бидеме во контакт со надлежните служби, кои треба да дадат насоки дали дополнително ќе се тестираат уште ученици“, рече педагогот во средното медицинско училиште, Шпенд Бајрами.
Директорката на ОУ „Исмаил Ќемали“ во Гостивар, Шпреса Усеини вели дека се подготвени за скринингот, којшто во основните училишта ќе се врши во текот на утрешниот ден. „Првата недела малку имавме недоразбирања со родителите, бидејќи не беа добро информирани, не знаеја за што се работи. Но, потоа заедно со класните раководители ги запознавме дека е тоа обично тестирање со земање на брис од носот, за да се утврди дали има присуство на ковид. Во нашето училиште првично беа предвидени 45 деца, а согласности дадоа 65 родители“, рече Усеини.
Скринингот во училиштата со брзи антигенски го врши Министерството за здравство во соработка со Министерството за образование. На ниво на Македонија предвидено е да се опфатат околу 8.200 ученици, додека во регионот на Гостивар вкупно 296. Надлежните појаснија дека активностите се со цел рано откривање и превенција од коронавирус.
-
Гостиварпред 3 месеци
Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа
-
Гостиварпред 2 месеци
(Видео) Мечка ноќеска се симна во Жировница-Отстрел ќе нема, одобрени превентивни мерки
-
видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ Гости: Анета Ќироска и Ема Нешковска | Женски прашања
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Natasha Beauty Center во Гостивар слави 14 роденден со нова локација-Љубов и почит кон убавината и негата
-
Гостиварпред 3 месеци
Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!
-
Гостиварпред 3 месеци
Убава можност за музичко уживање во Гостивар: Концерт на Влатко Стефановски Трио, влезот е бесплатен
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Fast food ‘Smile’ нова сендвичара во Гостивар која ги развеселува сите сетила