Македонија
„Скопје сити мол“ е во функција, дојавата за бомба била лажна

Трговскиот центар „Скопје сити мол“ во Скопје повторно е отворен за посетители по евакуацијата поради дојава за бомба попладнево.
Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека единици на министерството извршија увид во трговскиот центар Сити мол и утврдено е дека станува збор за лажна дојава за бомба.
МВР, исто така, ги информира граѓаните дека од истиот телефонски број, преку кој е лажно пријавена бомба во Сити Мол, на околу 40 граѓани во Скопје им се ипратени СМС пораки со покани да се јават во полициска станица на разговор.
Министерството уште ги известува граѓаните дека покани за разговор во полициска станица Министерството за внатрешни работи доставува со писмо на домашна адреса или преку телефонско јавување на надлежниот инспектор, а не преку СМС пораки.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград