Гостивар
Скоро 200 невработени во Гостивар во прва фаза за добивање 5.000 евра за бизнис

Огромен е интересот кај невработените лица од гостиварскиот регион за користење на државна помош од мерката самовработување за да си отворат сопствен бизнис. Според евиденцијата на Центарот за вработување во Гостивар на огласот вкупно се пријавиле околу 500 лица, а по проверка на документацијата и апликациите, во првата фаза селектирани се 194 кои ги исполнувале критериумите.
„Интересот е многу зголемен, имаше околу 500 пријавени, секако секој може да си аплицира, но ние потоа проверуваме дали ги исполнуваат критериумите. По проверката во првата фаза влегоа 194. Тие поминаа еден таканаречен психолошки тест и сега следуваат обуки за нив, потоа изработка на бизнис план, па реализација на комплет мерката.“, информираше Вотим Емшиу, директор на Центарот.
Невработените преку мерката Самовработување со грант, ќе добијат неповратна помош за свој бизнис во износ од 307.500 денари по корисник. Се поддржуваат разни типови на бизниси со исклучок на земјоделие, такси служби и игри на среќа.
Во Гостивар голем интерес се бележи и за мерката Практиканство, во која се влезени 137 невработени лица до 29 години. Тие се вклучуваат како практиканти во фирми во период до три месеци, за што месечно им следуваат по 11 илјади денари.
За мерката за поддршка на компании за отворање нови работни места до Центарот пристигнале околу 200 апликации, а резултатите се очекуваат наредниот период.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 4 дена
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 3 месеци
Месецов исплата на парите од МојДДВ за период октомври-декември 2024
-
Македонијапред 4 недели
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Гостиварпред 3 месеци
Бесник Зеќири стапи на функцијата директор на болницата во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос