Поврзи се со нас

Македонија

Скоро 200 претставки за повреда на правата на децата, насилството во училиштата се уште присутно

Објавено

на

    Оваа година, заклучно со минатиот петок, кај Народниот правобранител поднесени се 191 претставки за повреда на правата на децата од различни области. И натаму најголем број на претставки се за повреди на правата на детето во рамки на семејството, односно семејно-правните односи, каде акцентот се става и на насилството врз децата во семејството. Потоа бројни се претставките за повреда на правото во образованието – предучилишното, основното и средното образование и голем број на претставки се поднесени за заштита на децата од насилство или друг тип на злоупотреба, вклучително и булинг.

    Ова го истакна Васка Бајрамовска-Мустафа, раководителка на Одделот за заштита на правата на децата при Канцеларијата на Народниот правобранител по повод презентацијата на Истражувањето спроведено од Народниот правобранител во партнерство со Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ во рамки на проектот „Децата на прво место!“, финансиран од ЕУ, а со кој се одбележува Светскиот ден на детето. Истражувањето, посочи таа, го стави акцентот на неколку прашања за тоа колку децата ги познаваат своите права, какво и нивното учество во донесувањето одлуки и какви се нивните перцепции и согледувања во однос на се пopисутната појава со насилствата врз децата во семјеството, надвор од семејството, булингот итн.

    -Нашата пракса како институција Народен правобранител во согледување на состојбите укажува дека насилството е се уште присутно и зема сериозен замав во училиштата. Добро е тоа што децата го препознаваат меѓутоа, не се доволно охрабрени да го пријавуваат ваквото насилство, имајќи во предвид дека како жртви на насилство се јавуваат и машките и женските деца. Меѓутоа загрижувачки се причините зошто настануваат булингот и насилството меѓу децата, кои наместо да практикуваат дијалог во надминување на проблемите, го практикуваат насилството. Загрижувачки е податокот дека промовирање на сила или љубомора кај децата е причина за решавање на проблемите или на несогласувањата со употреба на сила, вели Бајрамовска-Мустафа.

    Таа се надева дека препораките од ова истражување ќе допрат до родителите, до Министерството за образование и наука, до Бирото за развој на образование, генерално до сите органи со цел, вели, да работат со децата, да внесуваат во наставните програми и планови содржини за поголема едукација на децата, поголема толеранција, практикување на дијалог и запознавање со Конвенцијата за правата на детето, како и охрабрување на децата да ги пријават ваквите случаи до механизмите за заштита во самите училишта вклучително и до Народниот правобранител.

    На новинарско прашање таа појасни дека повеќе поплаки за незадоволство или насилство од страна на наставник, без разлика дали ставува збор за психичко, вербално или физичко насилство, пристигнуваат од деца или од родители во нивно име во основните училишта. Кај средните училишта, децата се, додава, охрабрени сами да пријавуваат.

    Сузана Пецаковска проектна менаџерка на проектот „Децата на прво место“ истакна дека резултатите од истражувањето ппокажале дека учениците, наставниците и родителите се релативно добро запознаени со Конвенцијата за правата на детето и дека релативно добро се применуваат правата на децата во пракса. Од друга страна, според изјавите на децата 33 проценти од испитаниците ученици во истражувањето, се изјасниле дека им било прекршено некое право, а уште една третина опд нив изјавиле дека знаат некого, близок другар, соученик или роднина кому исто така му било прекршено тоа право.

    Наташа Ангелеска проектна менаџерка задолжена за компонентата за безбедноста и насилството во училиштата, истакна дека, за жал, вели, голем дел од учениците и нивните родители сметаат дека насилството е присутно во училиштето, односно 46 проценти од нив се изјасниле дека биле жртви на некаков вид на насилство, но постојат разлики каков вид на насилство доживуваат учениците.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 5 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 7 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена