Поврзи се со нас

Македонија

Скоро 30 % од тинејџерите во земјава страдаат од депресија-10 октомври е Ден на менталното здравје

Објавено

на

Светскиот ден на менталното здравје оваа година се одбележува под мотото „Нашето психичко здравје – Наше право!“. Овој ден е прилика за општествено обединување со цел подигање на свесноста, споделување на знаeње и делување во интерес на подобро ментално здравје и добросостојба во заедницата, се наведува во соопштението на ЈЗУ Универзитетска клиника за психијатрија – Скопје.

Секоја индивидуа, независно од разликите, заслужува да ужива ментално-здравствени услуги по највисоки стандарди. Овие права ги опфаќаат заштитеноста од ризици, достапноста на високо-квалитетна здравствена нега како и слободата за лична независност во рамки на општеството, стои во соопштението на Клиниката.

Сепак, додаваат оттаму, и покрај тоа што менталното здравје би требало да биде интегрален дел од холистичкиот здравствен пристап, статистичките податоци покажуваат дека дури еден од осум луѓе страда од потешкотии со психичкото здравје. Овие предизвици не ја афектираат само психичката добросостојба, туку нивното влијание се одразува и на социјалното и професионално функционирање на личноста, а оттаму и на општеството во целост.

Дијагнозата, посочуваат од Клиниката, на нарушено ментално здравје никогаш не би смеела да води до ускратување на човековите права или личната автономија.

-Сепак, за жал, сведоци сме дека ширум светот мноштво индивидуи со потешкотии на план на психичкото здравје се соочуваат со дискриминација, општествена отфрленост и кршење на некои од базичните човекови права и потреби. Многу од нив се лишени од нужна ментално-здравствена грижа, или пак се субјект на третмани кои ги загрозуваат нивните човекови права. Придружи се кон оваа кампања на ЈЗУ Универзитетска клиника за психијатрија и Здружението на психијатри на Македонија, како продолжеток на иницијативата на Светската Здравствена Организација, за да научиме заедно како да ги препознаеме и чуваме нашите права за ментално здравје и добросостојба!, стои во соопштението на Клиниката.

Се додава дека тинејџерите и адолесцентите се особено ранлива категорија, според податоците од најновите истражувања во земјава кај 29,2 отсто од младите се регистрирани клинички симптоми на депресија додека кај 23,7 отсто се присутни клинички симптоми на анксиозност во периодот после пандемијата со КОВИД-19, а девојчињата се позасегнати од анксиозност и депресивни симптоми во споредба со момчињата.

Натаму се посочува дека менталното здравје кај жените за време на бременоста и после породувањето е столб на оптималниот развој и здравје на децата. Податоците од најновите истражувања покажуваат дека една третина од мајките страдаат од симптоми на депресија, додека кај 28 отсто од нив се регистрира анксиозност во периодот после пандемијата со КОВИД-19.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Македонијапред 2 недели

Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус

Вестипред 3 недели

УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ

Гостиварпред 4 недели

Полициски службеник и уште едно лице осомничени за продажба на кокаин во Гостивар, Тетово и Скопје

Гостиварпред 4 недели

Во Гостивар одбележани 80 години од загинувањето на борецот херој, Сретко Крстески

Гостиварпред 3 недели

Пронајдени гранати при ископ на тротоар во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Пукање на улица во Гостивар, едно лице лишено од слобода

Гостиварпред 3 недели

Таравари во болницата во Гостивар промовираше инвестиции од околу 400.000 евра

Гостиварпред 4 недели

Повреден 18 годишник од Гостивар на забава во викендица во Маврово

Гостиварпред 4 недели

Четири момчиња ноќеска завршиле во полициска станица во Гостивар

Гостиварпред 1 месец

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 3 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 4 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 9 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 9 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 11 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 11 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 1 година

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 1 година

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена