Поврзи се со нас

Македонија

Скоро 40% од медицинарите претрпуваат физичко насилство

Објавено

на

Лекарската комора се придружува кон одбележување на 12 Март, Европски ден против насилството врз здравствените работници, кој годинава се одбележува по четврти пат, со цел подигнување на свеста за насилството врз лекарите и здравствените работници и поттикнување на преземање на мерки за негово намалување.

Светската здравствена организација известува дека до 38 отсто од здравствените работници трпат физичко насилство во одреден момент од нивната кариера, а многу повеќе се изложени на вербална и онлајн злоупотреба. Таквата агресија може да има катастрофални последици, вклучувајќи и физички повреди, влијанија врз менталното здравје, а во најекстремните случаи, дури и смрт.

-Здравствените работници неопходно е да се чувствуваат безбедни на работното место, ослободени од притисокот за нивно загрозување, со цел да можат оптимално и квалитетно да ги извршуваат своите работни обврски и непречено да ги лекуваат пациентите. Пациентите и докторите мора да негуваат  партнерски однос на доверба и соработка бидејќи тоа е најдобар пристап за нивно лекување. Затоа по повод одбележувањето на 12 Март,  Европскиот ден против насилството врз здравствените работници упатуваме апел за почитување на интегритетот и достоинството на докторите од страна на пациентите и системско решавање на проблемите кои се јавуваат без вклучување на вербално и физичко насилство, истакнува проф. д-р Калина Гривчева Стаределова, претседател на Лекарската комора.

Во анкетата која Лекарската комора на спроведе минатата година 77,9 отсто од лекарите кои го одговорија анкетниот прашалник одговориле дека доживеале физичко или вербално насилство на работното место во текот на работниот век. Од нив 79,9 отсто одговориле дека доживеале вербално насилство со викање и навредување, 34,5 отсто биле жртва на вербално насилство со закана дека ќе биде извршено и физичко насилство, 43 испитаници или 5,2 отсто биле изложени на физичко насилство без телесна повреда, а 13 испитаници или 1,6 отсто доживеале физичко насилство со телесна повреда.

Како што посочуваат од Лекарската комора, важен исчекор во нашата земја кон создавање на побезбедно окружување во здравствениот сектор е усвојувањето на измените на Кривичниот законик со кои вербалното и физичкото насилство над лекарите и другите здравствени работници се смета за кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“ и соодветно ќе се казнува.

-Со новите измени во Кривичниот законик е одредено дека делата како употреба на сила, сериозни закани, навреда, малтретирање, задавање телесни повреди или закана со употреба на оружје кон лекар или друг здравствен работник при вршење на нивните професионални задачи се кривични дела за кои е предвидена казна затвор од шест месеци до пет години. Ова се очекува да биде обесхрабрување во изборот на насилството како решение на проблемите со кои се соочуваат пациентите, велат од Лекарската комора.

Постојаниот комитет на европски лекари (CPME – The Standing Committee of European Doctors), каде Лекарската комора е постојан член во своето соопштение наведува дека насилството коегзистира со исцрпеноста, што е растечки фактор кој ги поттикнува здравствените професионалци да се одлучат за напуштање на здравствениот сектор. Комитетот ги повикуваме креаторите на политиките и пошироката јавност да помогнат во одржувањето на безбедноста на здравствените работници и ја повикува Европската комисија да ги поддржи владите со обезбедување  на правилници на потребните минимални капацитети за работна сила. Претседателот на Постојниот комитет д-р Кристијан Кајзер истакнува дека влијанието на насилството врз здравствените работници треба да биде препознато, бидејќи не влијае само на здравствениот кадар, туку и на грижата за пациентите. Неопходно е да се промовира култура на почит кон здравствените работници и да се обезбедат ресурси за известување и поддршка кога се случува насилство.

-Лекарската комора и во иднина ќе продолжи со работа и силно ќе се залага да се подигне свеста за оваа важна тема, заедно со европските медицински организации и партнери во пошироката здравствената заедница, порачуваат од Лекарската комора

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Здравје и убавинапред 7 часа

Летно-зимско време…Кои се последиците од поместувањето на часовникот

Гостиварпред 9 часа

Кривична за измама против гостиварец, наплатил 1.800 евра да направи кујна ама не ја испорачал

Македонијапред 12 часа

Годинава ќе има дополнително олеснување на државната матура

Македонијапред 12 часа

Доделени годишните новинарски награди на Здружението на новинари на Македонија

Гостиварпред 14 часа

На Светскиот ден на театарот Гостиварски театар започна подготовка на нова претстава, комедија за бракот

Македонијапред 15 часа

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Гостиварпред 16 часа

Усмртена мечка на патот Тетово-Скопје, возачот повреден

Гостиварпред 17 часа

Неделна акција на полицијата за брзо возење-49 казни во Гостивар, 99 во Тетово

Вестипред 19 часа

Ќе ставам крај на војната во Украина за 24 часа, вети Трамп

Гостиварпред 7 дена

Комуналец Гостивар по прекинот во водоснабдувањето: Водата од градскиот водовод да не се пие

Гостиварпред 3 недели

ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар

Вестипред 3 дена

Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион

Гостиварпред 3 недели

Гостивар е се‘ уште без вода, се комплицирала работата на терен, екипи санираат дефект

Гостиварпред 3 недели

Утре во Гостивар ќе нема вода повеќе часови

Гостиварпред 4 недели

45 семејства во Гостивар конечно добија клучеви од социјалните станови

Гостиварпред 1 недела

Во понеделник дел од Гостивар 5 часа без струја, ќе биде исклучено и училиште

Гостиварпред 2 недели

Автопатот Тетово-Гостивар ќе почне да се гради на 22 април, ќе чини 125 милиони евра според првична пресметка

Македонијапред 3 недели

Пред општинската зграда во Ростуше покрај македонското поставено и турското знаме

Популарно изминативе 100 дена