Македонија
Работници не зеле февруарска плата, фирмите чекаат државна помош

Речиси 7.000 фирми во земјава се‘ уште немаат исплатено февруарски плати, затоа што чекаат државна помош поради заглавениот петти пакет економски мерки во Собранието.
Директорка на Управа за јавни приходи, Сања Лукаревска апелираше Собранието што побрзо да ги донесе законските решенија, со кои ќе се овозможи практична примена на антикризниот пакет.
„Ние нема да бокираме онаму каде што нема основ да се блокира, зборуваме за ситуација каде што во моментов одредени комапнии ја чекаа финансиската подршка и можеби затоа во нивните сметководствени калкулаци кои што ги имаат направено како даночни обврзници очекувале дека навремено ќе стигне оваа финансиска подршка немајќи средства во моментов да исплатат плата. Kај нас во евиденција е детектирано тоа и имаме доставено опомени“, изјави Лукаревска.
Директорката на УЈП на денешната прес конференција информираше за анализата на управата, од поднесените барања за пресметување на износот за враќање на финансиската поддршка односно нејзино претворање во грант. Деталите може да ги прочитате на следниот ЛИНК.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар