Поврзи се со нас

Вести

Скоро сите основци со мобилни телефони и интернет – Безбедни ли се децата онлајн?

Објавено

на

 

Речиси секое дете имаат сопствен мобилен телефон, а половина од нив имаат и приклучен интернет на него. На поголемиот дел, компјутерите им се во детските соби и ги користат без надзор од родители. Кога се онлајн децата неретко комуницираат и со лица кои не ги познаваат во вистинскиот живот.

Ова се дел од резултатите од истражување направено на над 500 ученици од повеќе градови во Македонија, меѓу кои и Гостивар. Анкетираните деца биле на возраст од 9 до 14 години.

Анкетирањето за навиките на децата покажало дека: 93% имаат пристап до интернет од дома. На 65% компјутерот на којшто сурфаат им е сместен во детската соба. 91% имаат свој мобилен телефон. 59% од децата не користат аватари и псевдоними кога прават онлајн профили. 53% делумно или целосно се согласуваат дека им е полесно да им кажат на другите што мислат за нив онлајн. Она што загрижува е податокот дека 10% од децата разговараат онлајн со луѓе кои не ги познаваат во вистинскиот живот.

Преку интернет, децата стекнуваат нови вештини, искуства и знаења, но постојат реални потенцијални опасности кои можат да се одразат на нивната приватност и личната безбедност. За безбедност на децата на интернет најважна е едукацијата, за што во најголема мера се задолжени родителите, па потоа училиштата.

На светско ниво се проценува дека скоро 6 милиони деца под 13 години имаат свој профил на фејсбук.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена