Рецепти
Слатки чоколадни чинии кои ќе ги воодушеват децата

Еве една многу интересна и вкусна идеја. Чинии од чоколада. Одвојте малку време и направете ги овие вкусни чоколадни чинии со кои, сигурно, посебно ќе ги воодушеват децата.
Од материјал не ни е потребно многу:
- 300 гр чоколадо
- ножици
- неколку балони
- хартија за печење
Најпрвин ја растопуваме чоколадата. Потоа на хартијата за готвење истураме по малку од растопената чоколада и со помош на лажица формираме кругови кои понатака ќе ни послужат како основа за чоколадните чинии. Откако убаво ќе се измијат, надуените балони ги натопуваме во малку разладената чоколада, на дното, односно онолку колку што е потребно да се добие форма на чинија и ги ставаме врз предходно направените подножја. Потоа ги ставаме да се изладат, се додека чоколадата не добие тврда форма. Со ножици ги дупнуваме балоните за да се отстранат од чоколадата и чоколадните чинии се спремни за сервирање. Во нив може да се служи сладолед, овошје, овошна салата и др. Одлична идеја да ги изненадите вашите деца, пријатели. На здравје!
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград