Поврзи се со нас

Гостивар

Слава во манастирот Свети Наум Охридски Чудотворец на Попова Шапка

Објавено

на

На манастирската слава во чест на празникот посветен на светиот Наум Охридски Чудотворец, во манастирот посветен на овој македонски и сесловенски просветител на Попова Шапка, беше отслужена света Архиерејска литургија со која чиноначалствуваше Неговото високопреосвештенство митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, во сослужение на митрополитот Европски г. Пимен и повеќе свештенослужители.

Во својата беседа митрополитот г. Јосиф нагласи: „Денес, наоѓајќи се во дните на Петровиот пост, на овој наш голем празник ќе ја искористам приликата од овој манастир да упатам порака за сите заедно сплотени во христијанска љубов да се држиме до Евангелието и до верата наша православна, која од памтивек ја облагородува душата на нашиот македонски народ. И ние, како и светиот Наум насекаде да ги шириме евангелските морални принципи кои го осветлуваат духовниот мрак, бидејќи само на тој начин можеме да се соочиме со моралниот пад и со хипокризијата на нашето општество. Само на тој начин можеме да ја сочуваме нашата култура, нашата богата традиција и пред сѐ нашето битисување како еден Божји народ. Македонскиот народ е најсилен кога си ги вреднува и негува своите корени и исконски вредности. Македонската Православна Црква-Охридска Архепископија е душата, копнежот и совеста на народот свој. Знам дека не е ни најмалку лесно во овој „лукав и прељубодеен“ свет да се живее и да се шири Христовото евангелие, да се гледа долгорочно, да се има трпение и смирение, но ако повеќе се потрудиме тоа е возможно. Во сите тешки моменти и искушенија кои се појавуваат во нашиот духовен раст и подвиг, пред нас да го имаме животот на светиот Наум и да се запрашаме зарем на него му беше лесно да пропатува илјадници километри, да претрпи страданија и мачења од германските свештеници и да доживее гонење заради Христа? Одговорот е дека не му беше ни најмалку лесно. За колку ли негови страдања не знаеме, колку ли денес страда со нас и се моли за нас свесни ли сме? Но за сè мора да се даде жртва. И за таа негова жртва Бог го овенча со светителски венец, наградувајќи го неговиот труд овде на земјата. Затоа драги браќа и сестри, никогаш да не забораваме на светиот Наум, на неговиот труд и дело, на неговите подвизи и совети. На едно место, деновиве прочитав еден текст за четирите завети на денешниот светител. Тој пред да се упокои на своите ученици им ги пренел следните четири совети и зборови: разбудување, покајание, очистување и причестување. Всушност тој им ги пренел четирите скалила на патот кон спасението. И  јас ништо друго повеќе не ви би пренел освен тие четири завети, кои треба секој ден да ги поминуваме. Затоа почесто да се сеќаваме на светиот Наум и да се молиме да Го моли за нас Христа нашиот Спасител, сега и секогаш и во сите векови.“

По литургијата беа прекршени и благословени славските лебови.

фото: тетовско-гостиварска епархија

Сподели ја веста:
Најновата емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Гости: Анета Ќироска и Ема Нешковска
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 2 недели

Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…

Гостиварпред 3 недели

Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа

Гостиварпред 4 недели

Во Гостивар отворена работилница за бесплатна поправка на стари предмети-Помалку отпад, развој на занаетчиството

Гостиварпред 3 недели

Маврови Анови: Со црева краделе гориво од службени возила

Гостиварпред 3 недели

На гостиварска патарина уапсени машко и женско лице за киднапирање

Гостиварпред 2 недели

Пријави за четири физички и едно правно лице за легализација на дивоградба во Општина Маврово и Ростуше

Гостиварпред 2 недели

Страотен случај во Гостивар: Мајка го оставила седуммесечното бебе само во куќа речиси дехидрирано

Гостиварпред 3 недели

Пукна над гостиварска Горна Бањица-Старт на градежните работи на Коридорот 8

Гостиварпред 4 недели

Убава можност за музичко уживање во Гостивар: Концерт на Влатко Стефановски Трио, влезот е бесплатен

Гостиварпред 4 недели

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 1 месец

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 2 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 2 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 2 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Во Ниќифорово достоинствено и гордо одбележан 1 век од раѓањето на великанот Чеде Филиповски-Даме

Гостиварпред 2 месеци

Коњаницата „Бигорски Манастир–Патот на црешовото топче“ продефилира во Гостивар, најмладиот учесник е Никола од Тумчевиште

Гостиварпред 3 месеци

Завршна изложба на делата од ликовната колонија „Гостивар 2023“

Гостиварпред 4 месеци

Јунски пазарен ден во Гостивар со полни тезги, еве ги цените

Огласи за вработување:

Промотивно видео

АНКЕТА:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена