Поврзи се со нас

Гостивар

„Следен чекор ќе биде полициски час, да ги почитуваме мерките за да го избегнеме“, нагласи Филипче

Објавено

на

Во земјава се бележи значителен раст на новодијагностицирани со коронавирус, кои според информаиците од МЗ процентуално најмногу се од возрасните групи од третата, четвртата и петтата декада.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера изјави дека капацитетите во болниците, продолжуваат да се пополнуваат.

„Се уште нема сместено, иако е целосно подготвена модуларната болница до Инфективната клиника, кадарот е тука, подготвен. Интернистите коишто доаѓаат по системот на ротација, како и медицинските сестри. Исто така, ГОБ „8 Септември“ со целокупниот персонал којшто работи на оваа проблематика, интернисти и анестезиолози коишто работат заедно со инфектолозите, меѓутоа веќе се исполнија одделенијата инфективни во Струмица, во Куманово и во Штип, а почнуваат да се ангажираат капацитетите во болницата во Кочани. Нема места во болницата во Прилеп, и уште едно крило е отворено во болницата во Битола за целиот тој регион. Забрзано се пополнува и капацитетот на болницата во Гостивар.“, потенцираше министерот.

На денешната седница на Владата, Комисијата за заразни болести ќе предложи уште еден пакет мерки. Сите економски оператори да работат до 23 часот, како и ограничување на капацитетот во јавниот превоз до 50 проценти и препорака до целата државна и јавна администрација, препорака до општините и судовите, согласно механизмот на работа, работниот процес да се одвива во смени или онлајн од дома, или пак редуцирано со систем на ротации и секоја од институциите согласно карактеристиките на работниот процес. „Сето ова со пакетот на мерки кој ќе се дискутира во Собранието. Законот е веќе даден по скратена постапка. Законот за заштита на населението од заразни болести, а во тој закон се веќе вметнати предлозите за задолжително носење маски на отворено, ограничување на групирањето по 22 часот надвор и ограничувањето на семејните собири. Сметаме дека тоа е еден пакет мерки којшто значајно може да го намали бројот на новодијагностицирани случаи“, рече Филипче.

Министерот повика на почитување на мерките за да се избегне рестрикција на движењето.

„Ситуацијата е навистина сериозна, следен чекор би бил целосно ограничување на движењето, односно полициски час. Да собереме сили сите, да ги почитуваме мерките за да го избегнеме сето ова, заради тоа што ова е начинот на којшто ќе треба да се функционира, во периодот што е пред нас доаѓаат уште поладни есенски и зимски месеци“, посочи Филипче.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена