Гостивар
Следен петок во Гостивар ќе биде „Ден без автомобили“

Општина Гостивар и годинава ќе организира „Ден без автомобили“, кој е закажан за 22-ри септември (петок). Улици во централното градско подрачје ќе бидат затворени за сообраќај и резервирани само за велосипедисти и пешаци. Активноста се спроведува во рамки на „Европската недела на мобилност“, која се одржува низ Европа од 16-22 септември.
„Општина Гостивар ги повикува сите граѓани да се приклучат на европската кампања за промоција на одржливиот градски и „чист“ превоз кој ќе постигне повеќекратни ефекти врз квалитетот на воздухот, животната средина, здравјето на луѓето и квалитетот на урбаното живеење. Исто така, ги покануваме локалните невладини организации и компании да се приклучат на кампањата за промовирање и примена на нови зелени начини на превоз, поттикнувајќи и стимулирајќи ги вработените помасовно да ги користат истите.“, соопштија од локалната самоуправа.
Темата на кампањата оваа година е „Движете се рационално – заштедете енергија“.
-
Македонијапред 2 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 2 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!