Македонија
Слепите лица денеска излегоа на протест пред Владата

Националниот сојуз на слепите на Република Северна Македонија (НССРСМ) денеска одржа протест пред Владата под паролата „Дајте ни ги правата“.
Протесниот марш во кој учество зедоа слепи лица од сите градови во државата, во 12 часот тргна од хуманитарниот дом „Даре Џамбаз“ и учесниците држејќи се за јаже еден позади друг, стигнаа до пред зградата на Владата, каде што си ги побараа своите права.
Слепите лица побараа зголемување на додатокот за попреченост и за помагала, како и средба со премиерот Димитар Ковачевски.
-Бидејќи не најдовме решение на разговорите, веќе подолго време бараме прием кај премиерот за да ги искажеме нашите барања, а тоа се додатокот за попреченост да биде четириесет отсто од просечната плата во државава, триесет отсто туѓата нега од просечната плата и помагала, бидејќи сме единствена држава на оваа земјина топка каде слепите немаат никакви права за помагала, рече Жарко Селковски претседател на НССРСМ.
Тој истакна дека за десет години и покрај соочувањето со кризите, добиле зголемување од само 500 денари на додатокот. Додавајќи дека не постои официјална статистика за тоа колку лица се засегнати со овие проблеми, но дека отприлика станува збор за 10.000, вклучувајќи ги сите заедно со сите приматели на правото на попреченост.
Селковски изрази надеж дека премиерот ќе ги повика на средба. Но, рече дека доколку не добијат никаков одговор ќе го свикаат Извршниот одбор и ќе се одлучи кои ќе бидат следните чекори.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 недели
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
„Сокче од морковче“… дознајте кои се огромните придобивки
-
Занимливостипред 3 недели
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 1 месец
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Ниќифорово може да даде уште една потврда дека Македонија е библиска земја
-
Македонијапред 2 недели
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава