Поврзи се со нас

Македонија

Слепите лица денеска излегоа на протест пред Владата

Објавено

на

Националниот сојуз на слепите на Република Северна Македонија (НССРСМ) денеска одржа протест пред Владата под паролата „Дајте ни ги правата“.

Протесниот марш во кој учество зедоа слепи лица од сите градови во државата, во 12 часот тргна од хуманитарниот дом „Даре Џамбаз“ и учесниците држејќи се за јаже еден позади друг, стигнаа до пред зградата на Владата, каде што си ги побараа своите права.

Слепите лица побараа зголемување на додатокот за попреченост и за помагала, како и средба со премиерот Димитар Ковачевски.

-Бидејќи не најдовме решение на разговорите, веќе подолго време бараме прием кај премиерот за да ги искажеме нашите барања, а тоа се додатокот за попреченост да биде четириесет отсто од просечната плата во државава, триесет отсто туѓата нега од просечната плата и помагала, бидејќи сме единствена држава на оваа земјина топка каде слепите немаат никакви права за помагала, рече Жарко Селковски претседател на НССРСМ.

Тој истакна дека за десет години и покрај соочувањето со кризите, добиле зголемување од само 500 денари на додатокот. Додавајќи дека не постои официјална статистика за тоа колку лица се засегнати со овие проблеми, но дека отприлика станува збор за 10.000, вклучувајќи ги сите заедно со сите приматели на правото на попреченост.

Селковски изрази надеж дека премиерот ќе ги повика на средба. Но, рече дека доколку не добијат никаков одговор ќе го свикаат Извршниот одбор и ќе се одлучи кои ќе бидат следните чекори.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена