Поврзи се со нас

Магазин

Слепото црево не е бескорисно, туку многу помага за јак имунитет

Објавено

на

На слепото црево обично гледаме само како на потенцијален проблем, со оглед на тоа што се мисли дека е бескорисно за организмот. Сепак, не е сосема така. Американски научници докажале дека слепото црево има своја значајна улога во телото на човекот и врши важни биолошки функции.

Лорен Мартин, професор на Универзитетот во Оклахома објаснува дека овој орган е особено важен за развојот на фетусот, а има свој удел и во правилниот развој за време на пубертетот. „Слепото црево во фетусот започнува да се развива во петтата недела од бременоста, а корисни клетки почнува да создава во 11 недела. Тие во фетусот произведуваат хормони, кои помагаат да се постигне биолошка рамнотежа и контрола.  Слепото црево го поддржува и зајакнува имунолошкиот систем. Во своите ѕидови содржи многу висока концентрација на имунолошки клетки, и функционира како лимфоиден орган, кој помага во созревање на лимфоцити кои се борат проив бактерии, вируси, токсини“, тврди професорот Мартин.

Научниците веќе го сметаат слепото црево за складиште на корисни бактерии и потенцираат дека во него се создаваат антитела ИГЕ – имуноглобулини, кои се борат против паразити, габични инфекции и алергии.

Се проценува дека луѓето на кои им е извадено слепото црево имаат 4 пати повисок ризик од развивање болести и инфекции.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена