Гостивар
Словенечка делегација во посета на НП Маврово

Делегација на Регионалниот парк “Шкоцјанске Јаме” од Република Словенија предводена од директорот на паркот Стојан Шчука беше во дводневна работна посета на НП Маврово.
Во рамките на оваа посета делегацијата имаше средба со директорот Самир Ајдини и дел од вработените во НП Маврово. Средбата беше искористена за потпишување на меморандум за соработка, а гостите имаа можност да го разгледаат паркот и да ги видат природните и туристичките потенцијали со кои се располага.
На овој начин ЈУНП Маврово и Регионалниот парк “Шкоцјанске Јаме” кои се членки на Мрежата на заштитени подрачја “Паркови Динариди”, го подигнаа нивото на меѓусебната соработка во рамките на заедничките политики и интересите на двете институции. Со потпишувањето на меморандумот посебен акцент беше ставен на взаемната соработка во однос на промоцијата на двата парка, спроведување на стручни истражувања во повеќе области, размена на информации и искуства, подигнување на јавната свест од потребата за заштита на животната средина, спелеологијата, биодиверзитеот и одржливите практики како и промоција на туристичките потенцијали на овие заштитени подрачја.
-
Гостиварпред 1 месец
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 5 дена
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
„Сокче од морковче“… дознајте кои се огромните придобивки
-
Занимливостипред 2 недели
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 1 недела
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Ниќифорово може да даде уште една потврда дека Македонија е библиска земја
-
Македонијапред 6 часа
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава