Поврзи се со нас

Вести

Словенија ја доби првата жена претседател

Објавено

на

Независната кандидатка Наташа Пирц Мусар победи на претседателските избори во Словенија во неделата, со што стана првата жена претседател во историјата на земјата, откако во вториот круг од изборите освои околу 54 отсто од гласовите, додека противникот Анже Логар доби поддршка од околу 46 отсто од гласачите, јави словенечката агенција СТА.

Пирц Мусар, поранешна новинарка и адвокатка специјализирана за заштита на лични податоци, која ја бранеше и Меланија Трамп, рече дека гласачите на демократските избори кажале каква Словенија сакаат.

Таа најави дека ќе се бори за основните човекови права, уставните права и демократијата и им се заблагодари на гласачите кои излегоа на гласање, а особено на оние кои гласаа за неа. Исто така, му честиташе и на противкандидатот Логар и му посака многу среќа понатаму.

„Ќе дадам се од себе за вистински да бидам претседател на сите, да се борам за основните човекови права, уставните права и демократијата. Ќе дадам се од себе да се обединиме во политиката околу стратешките прашања“, рече Пирц Мусар.

Таа додаде дека се залага за квалитетно јавно здравје, како и социјална и секаква друга сигурност.

„Колку е човек побезбеден, ќе има помалку сиромашни луѓе, помалку социјални проблеми, помалку криминал во нашата земја. Сакам Словенија да стане земја во која старите ќе бидат згрижени, каде што младите луѓе ќе сакаат да останат. Сакам Словенија каде што ќе бидеме посвесни дека нè очекуваат тешки времиња поради климатските промени“, рече Пирц Мусар.

Поранешниот словенечки министер за надворешни работи Логар (46), кандидат на опозициската СДС на Јанез Јанша, во изјава за медиумите и честиташе на новата претседателка, повикувајќи ја да биде претседател на сите граѓани.

„Тоа на Словенија ѝ треба сега повеќе од кога било досега“, рече тој и додаде дека двајцата имаат различни ставови за некои прашања, но дека „во интерес на сите граѓани е да има добар претседател“.

Наташа Пирц Мусар ја поддржаа симпатизерите на сите три партии од владејачката коалиција (Движење за слобода, Социјалдемократи – СД и Левица), но и неопределени гласачи.

Логар во првиот круг од претседателските избори пред три недели доби најмногу гласови. За него гласаа 33,95 отсто од гласачите, додека за Пирц Мусар 26,88 отсто.

И двајцата кандидати го поддржуваат влезот на Хрватска во Шенген зоната, но и спроведувањето на одлуката на арбитражниот суд за границата, која ја сметаат за валидна, а Хрватска е контаминирана поради мешањето на словенечки судија во постапката.

Освен двајцата, за претседателската функција на Словенија конкурираа уште петмина кандидати – Милан Брглез, Јанез Циглер Краљ, Миха Кордиш, Владимир Пребилич и Сабина Сенчар.

Овие претседателски избори се седми во историјата на независна Словенија. Милан Кучан беше претседател во два петгодишни мандати, по него со Словенија претседаваа Јанез Дрновшек и Данило Тирк, а потоа во два мандата Борут Пахор.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена