Поврзи се со нас

Гостивар

Случај Ласкарци: Вештаците ги спровеле сите увиди и анализи за автобуската несреќа

Објавено

на

Бирото за судски вештачења го информирал Основниот кривичен суд Скопје дека вештите лица досега ги спровеле сите неопходни увиди и анализи за  сообраќајната несреќа кај село Ласкарци, а по изведување на заклучоците од реализираниот увид на возилото ќе го финализира изготвувањето на супервештачењето и предметот со сите списи ќе биде вратен на понатамошно постапување.

-Бирото за судски вештачења до Основниот кривичен суд Скопје достави известување во однос на супервештачењето за предметот со К.бр. 1407/09 поврзан со сообраќајната несреќа кај село Ласкарци во кое наведуваат дека: „Тимот на вешти лица задолжен за конкретниот наод, во изминатиот период по добивање на предметот извршиле увид во доставените списи, направиле анализа во претходните вешти наоди и мислења, анализа на исказите на вештите лица дадени на главна расправа и нивните појаснувања, а најповеќе на неспорните и неспротиставени околности во претходно изготвените вештачањеа како и на околностите на кои вештите лица не се согласуваат во претходните два наода, се наведува во денешното соопштение од Основниот кривичен суд Скопје.

Тимот на вешти лица, како што се додава во соопштението, воедно реализирал посета на станица за технички преглед во однос на процедурите за испитување на техничката исправност на возилот, а со оглед да произлегла и потреба за увид во самото возило,  побарале и добиле дозвола од судот, па на 29.11.2022 година го реализирале увидот.

Од Бирото го информирале Судот дека вештите лица досега ги спровеле сите неопходни увиди и анализи, а по изведување на заклучоците од реализираниот увид на возилото, ќе го финализира изготвувањето на супервештачењето и предметот, со сите списи, ќе биде вратен на понатамошно постапување.

-Во однос на известувањето, надлежниот Судечки совет денеска ги запозна и дел од оштетните во постапката кои беа присутни во судот и ги извести дека до следната расправа насрочена за 20– ти декември, се уште постои отворена можноста за парична казна на вештите лица доколку предметот со сите списи и изготвен вешт наод и мислење, не биде вратен во судот во најкраток можен рок, како што и самиите имаат наведено во известувањето, се вели во соопштението од Основниот кривичен суд Скопје.

Во автобуската несреќата која се случи на 13 февруари 2019 во селото Ласкарци загинаа 16 луѓе и 37 беа повредени. 

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена