fbpx
Поврзи се со нас

Гостивар

Случај на каснување од змија во Гостивар, внимателно во природа!

Објавено

на

  • Shqip

Топлото време ги мами граѓаните на чести прошетки и престој во природа, далеку од секојдневната урбана бучава и гужви. Ваквото опуштање е добредојдено за секого, но носи и свои опасности и ризици, како каснувања од инсекти и змии, поради што е неопходна внимателност.

Во Гостивар сезонава за медицинска помош поради каснување од змија се обратило едно лице.

„За сега имаме еден случај на лице каснато од змија, кое беше третирано и заврши добро. Откако се олабавија мерките и се затопли времето, луѓето сакаат повеќе да шетаат во природа, па би апелирал до сите да внимаваат. Доколку некој биде каснат од змија треба што побрзо да се пренесе во болница, кадешто соодветно ќе се третира со серум противотров. Но, додека да стигне до болница пожелно е да се врзе, стегне над местото на каснување, да не може отровот да се шири низ телото.“, вели д-р Ратко Наумоски, раководител на инфективното одделение во Гостивар.

Во пролетните и летните месеци на гостиварското подрачје се регистрираат и до 100-тина каснувања од крлежи. Лекарите велат дека среќна околност е што пациентите поминуваат со благи симптоми од локална природа, како црвенило и јадеж на местото на каснување. Најчестата грешка што граѓаните ја прават при убод од крлеж е што се обидуваат самите да го отстранат, што може да биде многу опасно. Секое нестручно вадење на крлежот, може да доведе до компликација, нагласуваат медицинарите.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

АНКЕТА

Дали ќе одите на летен одмор?

Вработувања Полог:

Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена

error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!