Гостивар
Случај „несреќа Ласкарци“: Се чека на супревештачење за да се затвори доказната постапка

За да премине во завршна фаза предметот за автобуската несреќа кај Ласкарци, се чека на супервештачење, неопходно за затварање на доказната постапка по предметот и донесување првостепена пресуда. Факултетите одбиле да го направат со образложение дека немаат лиценцирани вешти лица. Поради тоа, предметот е испратен во Бирото за судски вештачења, кои имаат можност да формираат тим од лиценцирани вешти лица и да го изготват супервештачењето.
„По претходно изведени спротиставени вештачења на одбраната и обвинителството, а пред се за да се запази еднаквоста на оружјето кое во евентауално жалбена постапка може да биде клучно при одлучувањето на второстепениот суд, издадена е наредба за супервештачење. Но, од надлежниот Технички факултет во Битола предметот е вратен со образоложение дека лиценцираните вештаци за машинство се стручни само за енергетика и неможат да вештачат моторни возила, а другите вешти лица веќе учествувале во претходното вештачење. По добивање на известувањето, судот контактираше со Универзитетот во Штип и Машинскиот факултет во Скопје од каде исто така е известено дека истите немаат доволно лиценцирани вешти лица за сообраќајни возила кои претходно не учествуале во изведените вештачења.“, соопшти Основниот Кривичен суд Скопје.
Овие наводи, на денешната главна расправа, биле соопштени пред странките во постапката, кои воедно биле известени дека предметот е испратен во Бирото за судски вештачења за супервештачење.
„Потребно е да се напомене дека предметот во почетната фаза се водеше со забрзан интензитет со оглед да стануваше збор за притворски предмет. Но, со оглед на пандемијата од Ковид – 19, Протоколот за работа на судовите во услови на пандемија како и фактот дека Апелациониот суд Скопје ја укина мерката притвор и ја замени со поблаги мерки за обезбедување присуство, дел од насрочените расправи во текот на минатата година беа одлагани единствено заради изолација на судечкиот совет и странките во постапката, иако судот инсистираше на забрзано темпо. Во текот на оваа година предметот се води според предвидениот интензитет со што беа сослушани сите предложени и прифатени сведоци, оштетени и вешти лица. Преостанува само да се изведе и супервештачењето со што доказната постапка ќе биде затворена и предметот ќе премине во фаза на завршни зборови и пресуда. Заради тоа насрочени се термини на 25 – ти јануари како и на 3,10,15,24 и 28 февруари 2022 година.“, наведуваат од судот.
-
Гостиварпред 3 месеци
Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа
-
Гостиварпред 2 месеци
(Видео) Мечка ноќеска се симна во Жировница-Отстрел ќе нема, одобрени превентивни мерки
-
видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ Гости: Анета Ќироска и Ема Нешковска | Женски прашања
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Natasha Beauty Center во Гостивар слави 14 роденден со нова локација-Љубов и почит кон убавината и негата
-
Гостиварпред 3 месеци
Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!
-
Гостиварпред 3 месеци
Убава можност за музичко уживање во Гостивар: Концерт на Влатко Стефановски Трио, влезот е бесплатен
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Fast food ‘Smile’ нова сендвичара во Гостивар која ги развеселува сите сетила