Гостивар
Случај пожар Гостивар – Трите дечиња се згрижени на безбедно, добиваат помош и поддршка од стручен тим
Трите деца на возраст од 2, 6 и 9 години од семејството чиј дом изгоре во пожар вчера во Гостивар се згрижени на безбедно и со нив работи стручен тим од Центарот за социјална работа во Гостивар.
„Вчера откако добивме информација дека е опожарен стан на семејство со деца, стручниот тим веднаш излезе на терен. Првично семејството, значи трите деца и тетката се згрижени, обезбедени им се услови. Целиот стручен тим внимателно работеше со децата затоа што се малолетни, дадена им е психосоцијална поддршка и тие се на безбедно, во добра здравствена состојба. Постојано сме во комуникација со сите институции како МВР, Општината и во тек е постапка да се најде поадекватно згрижување на децата.“, изјави Магдалена Савеска, директорка на Центарот за социјална работа во Гостивар.
До оваа установа до сега немало пријава за злоупотреба и насилство во тоа семејството, а не биле регистрирани ниту како корисници на права од социјална заштита.
„Битно е јавноста да знае дека за ова семејство до сега не е пријавено било какво злоупотреба на децата, немало пријава дека постои некое насилство или злоупотреба. Тие не се евидентирани ниту како се корисници на било какви права од социјална заштита.“вели Савеска.
Во пожарот настрада 7 годишно дете, а неговата мајка беше приведена во полиција. Обвинителството посочи дека првичните сознанија на лекарскиот тим на лице место упатуваат на тоа дека детето за време на пожарот било врзано со ланец на нозете.
-
Гостиварпред 3 месеци
Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар
-
Видео емисиипред 3 месеци
Гледајте денес – Видео интервју со д-р Стојо Бошкоски
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостиварецот Гоце Димовски нов директор на Дирекцијата за ТИРЗ
-
Гостиварпред 3 месеци
MINT fintech group и во Гостивар: Менувачница, Осигурување, Инвестициски решенија, Дигитални плаќања, Кредити..
-
Гостиварпред 3 недели
Преполно инфективното одделение во Гостивар, труењата со храна зачестени
-
Гостиварпред 2 месеци
Жител на Добридол измамен за 2700 денари на пазар во Тетово
-
Гостиварпред 3 месеци
Долга традиција на незаменлив вкус, „Ла Шишко“ со нов локал во Гостивар
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | ИНТЕРВЈУ со д-р Стојо Бошкоски