Гостивар
Сметката на Општина Гостивар е одблокирана, но финансиите и натаму се мака

По седум недели блокада поради наплата на долгови од извршители, жиро-сметка на Општина Гостивар е одблокирана. Сепак, финансиската состојба и натаму останува тешка поради актуелната криза и високите суми за електрична енергија, оценува градоначалникот, Арбен Таравари.
„Жиро сметката беше блокирана 7 недели, моментално не е. Но, нема како да се извадиме од оваа криза, ова се проблеми не само на Општина Гостивар, туку и на сите други и на Владата и на државата и на сите институици. Ние последните 6-7 месеци практично плаќаме само струја и плати, со овие сметки што доаѓаат. Никој не предвидуваше дека ќе бидат пет пати поскапи отколку минатата година, па е тешко да се планира и буџетот. И за тие работи што ги извршуваме само се натрупуваат долгови, бидејќи капацитетите за исплата се невоможни.“, рече првиот човек на општината.
Вкупниот догл на општината е околу 7 милиони евра, а Таравари појаснува дека во тоа е пресметан и долгот кон Комуналец, нешто што порано не било пракса.
„За разлика од претходната дминистрација ги презедовме и долговите кои општината ги имаше кон Комуналец, а тоа се околу 2 милиони евра. На пример за време на Бејта тие долгови не беа израчунати, така ако ги тргнеме настрана општинскиот долг е околу 5 милиони евра. Но, ако се има предвид работите што се сработени, влијанието од пандемијата и енергетска криза мислам дека сме не добри, туку многу добри.“, подвлече градоначалникот.
Според неговите информации општината има побарувања од околу 7 милиони евра.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 недели
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
„Сокче од морковче“… дознајте кои се огромните придобивки
-
Занимливостипред 3 недели
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 1 месец
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Ниќифорово може да даде уште една потврда дека Македонија е библиска земја
-
Македонијапред 1 недела
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава