Поврзи се со нас

Гостивар

Сметководителите гневни: Да се преиспита одлуката и да има пролонгирање на роковите за завршни сметки и извештаи

Објавено

на

Комората на сметководители итно и неодложно бара Министерството за економија да ја преиспита одлуката дека нема потреба од законски измени за пролонгирање на роковите за поднесување на завршните сметки и финансиските извештаи.

Од таму реагираат дека години наназад укажувале на проблемите кои произлегуваат од кратките рокови за изготвување на годишни сметки и финансиски извештаи. Оваа година соочени со здравствено-економската криза предизвикана од пандемијата сметководителите имаат драстично зголемен обем на работа, а во исто време намалени човечки капацитети и временски ресурси, бидејќи и меѓу нив има лица заболени и во изолација.

„Неопходна беше промена на Законот за трговски друштва со што на сметководителите ќе им се овозможи да ја извршат својата обврска навремено, точно и квалитетно. Иако министерот за економија јавно на национална телевизија најави повлекување на законот и изнаоѓање на решение за проблемот, до Комората на сметководители пристигна одговор од Министерство за економија, каде се вели дека роковите нема да бидат продолжени. Јавно бараме и апелираме Министерот за економија да ја преиспита својата одлука и да го исполни јавно даденото ветување дека ќе се најде решение за проблемот со кое ќе имаат бенефит сите засегнати страни “, изјави Драган Митковски, претседател на Комората на сметководители.

Комората бара рокот за хартиено поднесени годишни сметки да биде до 30 април, а електронски да може да се поднесат до 15 мај.

Александра Андреева член на Управниот одбор на Комората на сметководители појасни дека во одговорот Министерството за економија се повикува на консултации со Министерството за финансии кое исто така смета дека нема потреба од пролонгирање на роковите.

„Имајќи предвид дека Министерство за финансии не е надлежно за Законот за трговски друштва каде се бара измена, а следејќи ја економската логика, не може, а да не се запрашаме дали за ова министерство полнењето на буџетот е приоритет наспроти зачувување на здравјето и дигнитетот на сметководителите но и на сите претпријатија, како би се обезбедиле точни финансиски извештаи“, изјави Андреева.

Таа појаснува дека согласно донесените уредби со законска сила за финансиска поддршка за исплата на плата за април, мај и јуни, со поднесувањето на годишните сметки и утврдувањето на финансискиот резултат на претпријатијата, започнува обврската за враќање на средствата кон државата. Со одложување на рокот за годишните сметки и овој рок би се продолжил.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена