Поврзи се со нас

Рецепти

Смирете го кашлањето со овој домашен напиток – И вкусен и корисен!

Објавено

на

Пролетта е сезона на алергии и вирози кај кои кашлањето е еден од главните симптоми. Во борбата против здодевната кашлица и болно грло може да си помогнете со домашен напиток што го користеле и нашите баби-млеко со прегорен шеќер. И вкусно и корисно.

Карамелизираното млеко многу ефикасно ја смирува кашлицата, поттикнува искашлување на секретот, ја ублажува грлоболката и делува благопријатно на цел систем за дишење.

Се‘ што ви треба се две лажици шеќер, 250 мл. млеко и една лажичка путер. Во ѓезве или мало тенџере загрејте го шеќерот, притоа мешајќи додека се топи. Кога ќе се карамелизира, додајте ги млекото и путерот и оставете да зоврие на тивок оган. Напитокот се консумира топол.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена