Некатегоризирано
Смртоносна бродска несреќа на Дунав во Будимпешта

При потонувањето на туристички брод во Будимпешта загинаа најмалку седум луѓе. 21 патник на бродот се водат како исчезнати. Лошото време ја отежнува потрагата по преживеани.
Унгарската полиција денеска потврди дека најмалку 7 лица загинале, а 21 се водат како исчезнати, откако брод полн со туристи се преврте на реката Дунав во Будимпешта.Сите загинати се државјани на Јужна Кореја.
На бродот во моментот имало 33 лица, главно туристи од Јужна Кореја, а до несреќата дошло по судар со друг брод. Инцидентот се случил вчера (29.5.) околу 22 часот по локално време. Нивото на Дунав во Унгарија е зголемено поради обилните дождови, што доведе и до засилување на водената струја.
Унгарската полиција уште соопшти дека покренала истражна постапка за инцидентот.
Потонатиот брод „Хаблеани“, односно Сирена, имаl две палуби и место за 45 лица, а е користен за туристички излети.
Министерот за надворешни работи на Јужна Кореја потврди дека 19 државјани на Јужна Кореја се водат како исчезнати, нагласувајќи оти владата ќе испрати тим официјални лица во Унгарија.
Меѓу исчезнатите има и најмалку едно дете, потврдија од јужнокорејската туристичка агенција која го организираше патувањето.
Во тек е голема спасувачка акција на Дунав низводно од Будимпешта, а во потрагата за преживеани се вклучени бродови и нуркачи, додека радари ја скенираат реката.
Делови од бродот Сирена се пронајдени кај мостот Маргит во Будимпешта, по неколку часа од потрагата.
Спасувачите предупредуваат дека поради силната струја од час во час има сѐ помалку шанси да има преживеани.
На бродовите им е забранета пловидба по должна на целата река јужно од Будимпешата.
Извор: Deutsche Welle
-
Гостиварпред 6 дена
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 1 месец
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение
-
Гостиварпред 2 месеци
Комуналец Гостивар по прекинот во водоснабдувањето: Водата од градскиот водовод да не се пие