Поврзи се со нас

Вести

Снег падна во Сахара и Саудиска Арабија

Објавено

на

Иако јануари носи снег и мраз во многу делови на светот, пустините во Африка и на Блискиот исток обично не се меѓу нив. Но, овој месец беа забележани врнежи од снег во Сахара, а температурите во Саудиска Арабија нагло се спуштија на -2 степени Целзиусови.

Мраз може да  се забележи на песочните дини во Сахара, бидејќи температурите паѓаат под нулата.

Во Саудиска Арабија, во меѓувреме, локалното население и странците се собраа во пустината во регионот Асер за да уживаат во ретка глетка

Фотографиите на фотографот Карим Букетате го покажуваат малото алжирско пустинско гратче Аин Сефра. Овците може да се видат како стојат на дините покриени со мраз, додека температурите паднаа на -3 степени.

Пустината Сахара опфаќа поголем дел од Северна Африка и претрпе промени во температурата и влажноста во последните неколку стотици илјади години.

Иако денес е многу суво, се очекува пустината повторно да стане зелена за околу 15 000 години.

Жителите на Саудиска Арабија изразија радост и возбуда поради ретките снежни врнежи во регионот Асер во таа земја, каде што планините и пустините беа покриени со бело.

Помина половина век откако температурата во регионот падна под нулата.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена