Гостивар
Снег за прв пат во новата година во Гостивар
Во Гостивар утрово има врнежи од снег со слаб интензитет, први во оваа година. На повисоките места пак има снежна покривка, која според Управата за хидрометеоролошки работи изнесува: 37 сантиметри на Попова Шапка, 15 Лазарополе, 12 Пожаране, 7 Маврови Анови и 4 сантиметри во Крушево.
Утрово најстудено било на Попова Шапка каде се измерени -5 степени Целзиусови, Лазарополе со -4 и Берово со измерени -3 степени. Најтопло било во Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Штип, Гевгелија, Демир Капија, со измерени 3 степени, и Дојран со измерени 4 степени Целзиусови.
Автомото сојузот на Македонија информира дека од 06:35 часот утрово е воведена забрана за движење на тешки товарни возила на планинскиот премин Пресека. ОД АМСМ исто така информираат дека од 07:50 часот е укината забраната за тешки товарни возила на планинскиот премин Стража.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар