Македонија
Снегот добредојден за земјоделството

Снежните врнежи што ја зафатија земјава минатата недела се добредојдени за земјоделството, велат агрометеоролозите. Ќе ја зголемат влагата на почвата не само на површинскиот, туку и во подлабокиот слој.
Снегот кој е воедно и топлински изолатор, посебно е значаен за есенските посеви.
- Промената на времето од минатата недела со врнежи од снег и формирање снежна покривка, се оценува како позитивна, особено за есенските посеви на кои им се потребни вакви временски услови. Оваа состојба поволно ќе влијае врз сите земјоделски култури и ќе придонесе за зголемување на влажноста, како на површинскиот, така и на подлабокиот слој на почвата, велат агрометеоролозите на УХМР.
Снегот, нагласуваат, ја одржува константна температурата во почвата.
- Снегот ги штити посевите од минимални температури, ја одржува температурата во почвата на пет сантиметри на околу еден степен што е сосема доволно за да нема оштетувања на јазолот на братење кој се наоѓа токму во тој дел од почвениот слој. Како добар изолатор, снегот ја одржува константна температурата, објаснуваат агрометеоролозите.
Тие препорачуваат земјоделските производители да продолжат со грижа за посевите доколку почвените услови го дозволуваат тоа.
- Земјоделските производители треба да продолжат со грижа за нивните посеви, со зацврстување на пластениците и другите конструкции, како и со примена на сите потребни земјоделски активности и агротехнички мерки, советуваат агрометеоролозите.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 1 недела
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 2 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог