fbpx
Поврзи се со нас

Македонија

Снегот не го попречува сообраќајот, внимателно возење по влажните коловози

Објавено

на

Автомото сојузот на Македонија соопшти дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози, со остатоци од кашест снег на планинските премини. На целата територија на државата врне снег со променлив интензитет.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена

error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!