Поврзи се со нас

Вести

Снежно невреме го зафати Балканот

Објавено

на

Белград е во сообраќаен колапс, а снежно невреме ја зафати и Босна и Херцеговина, пишува Пулс24. Сите товарни возила кои немаат соодветна зимска опрема полицијата ги исклучува од сообраќај. На повисоките планински предели заради замрзнати патишта сообраќајот е отежнат, а на сила е забрана за сообраќај за товарни возила со приколки и за шлепери.
Фреквенцијата на возила на граничните премини е зголемена и се чека до 30 минути.
Како последица на силниот ветер и снежните врнежи жителите на 20-на села во општина Источно Сараево од утрово се без електрична енергија заради прекин на далновод. На поширокото подрачје на областа Романија во текот на ноќта паднаа околу 13 сантиметри нов снег, што доведе до метеж во сообраќајот.
Силна бура со ветер со брзина и до 100 километри на час го зафати Сплит, па морскиот сообраќај е прекинат. Утрово пожарникарите имале десетина интервенции за отстранување на паднати дрвја, а паѓале и ролетни и разни предмети од терасите, пренесува „Далмација данас“.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена