Поврзи се со нас

Македонија

Со 102 гласа „за” Собранието ја разреши Катица Јанева

Поради нестручно, несовесно и незаконско работење, денеска Собранието на Македонија, едногласно ја разреши специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, со 102 гласа „за”.

Таа беше избрана на чело на СЈО на 15 септември 2015 со 108 гласа „за” и нејзиниот мандат истекуваше утре.

Катица Јанева е во притвор од 21 август како третоосомничена за  случајот „Рекет“ за злоупотреба на службената положба и овластувања.

На пленарната седница не се расправаше за извештајот на Советот на ЈО, туку само за предлогот за разрешување на Комисијата за прашања на избори и имемнувања.

Advertisement
Остави коментар

Напишете коментар

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Популарно