Поврзи се со нас

Спорт

Со 120.000 евра АМС ќе го реновира стадионот во Чегране

Објавено

на

Агенцијата за млади и спорт (АМС) објави дека е започната реконструкцијата на стадионот во Чегране, Општина Гостивар каде што настапува второлигашот Арсими, а целиот проект ќе чини седум милиони денари (околу 120.000 евра).

„Овој капитален проект за спорт има вредност од 7 милиони денари и ќе влијае на подобрувањето на стандардите и на развојот на инфраструктурата за спорт во општината Гостивар. Ова инвестирање е јасен доказ дека Агенцијата за млади и спорт следи јасна стратегија за развој на спортот во земјата. Со реконструкцијата на новиот стадион во Чегране, спортистите и љубителите на спортот од оваа зона ќе имаат можност да го искористат теренот и да вежбаат различни спортови во модерна и функционална околина“, истакна заменик директорот на АМС, Исак Лазами.

Иако од властите и АМС изминативе години беше многу ветувано дека ќе се подобри спортската инфраструктура во Гостивар, ова е прв започнат проект.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена