Поврзи се со нас

Македонија

Со 88 гласа „ЗА“ донесени измените на Законот за државна управа

Објавено

на

    Собранието со 88 гласа „за“ и 22 „против“ ги донесе измените и дополнувањата на Законот за организација и работа на органите на државната управа, со што се создаваат услови за формирање на нова влада која треба да биде предводена од мандатарот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

    За измените на Законот гласаа пратениците на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, на Вреди и на паријата ЗНАМ, како и пратеници на Европскиот фронт предводен од ДУИ. ВМРО-ДПМНЕ и Европскиот форнт синоќа објавија дека постигнале договор за поддршка за измените, како и за формирање на ад хок комисија во Собранието за правична застапеност.

    Во расправата за законот зборуваа пратениците од СДСМ кои предупредија дека со оваа реорганизација на министерствата и државната управа не се прави реформа туку таа е политички мотивирана за задолволување на потребите на новата владината коалиција. Како што кажаа, со измените се менува 31 член од законот, а исто така не се предвидува колкава ќе биде финансиската импликација, а замонот се носи без анализа и дебата.

    Пратеничката Бисера Костадиновска Стојчевска од СДСМ кажа дека во овие измени не е предвидена Управата за заштита на културно наследство, што, според неа, значи дека тука застанува грижата за културното наследство на идната влада. Посочи дека во 2021 година е изготвена функционална анализа од која се гледа како треба да изгледа Министерството за култура.

    Според Славјанка Петровска мнозинството не можело да има попоразителен почеток. – За десет дена трипати си го погазивте зборот. И затоа молчите цела ноќ, ама довикувате од место, рече Петровска.

    Пратеничката го прочита соопштението на ВМРО-ДПМНЕ и Европскиот фронт за поддршка на измените, како и повеќе изјави на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во кои тој зборува против ДУИ и СДСМ.

    -После денешната коалиција се поставува прашањето кој во чиј скут седи, рече Петровска.

    Одлуката на ДУИ и Европскиот фронт ја образложи координаторот на пратеничката група на ДУИ Блерим Беџети.

    • Предлогот на мандатарот Мицкоски е пренесување на надлежност од една во друга институција и може да има логика за ефикасност. Цениме дека еден ваков упад треба да има сериозно разгледување, но ова ќе го оставиме на времето дали ќе биде постигната таква ефикасност. Секако како две сили кои имаат легитимност и коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ и Европскиот форнт денеска разговаравме со една цел вознемирувањата коишто ги имаме во делот на инспекторатот за албанскиот јазик и за други инстицуии кои се дел од овој закон, рече Беџети. Се согласивме, додаде тој, да создадеме ад хок комисија за правичната застапеност.

    Амар Мециновиќ од Левица истакна дека експертите и академската фела не се вклучени во измена на една ваков системски закон.

    -Вие се однесувате како да имате божји а не народен мандат. Се е ставено на брза лента за да може да почне шемата за отплаќање на долговите кон елитите кон кои должите, рече Мециновиќ.

    На овој број население треба помалку министерства, а нелогично е, според него, што трудот се спојува со економијата. – Ова е огледало на вашиот авторитаризам, рече Мециновиќ.

    Димитар Апасиев од Левица смета дека измените се брзоплето напишани.

    • Законот е системски закон и се носи со двотретинско мнозинство, постапката не може да не биде сложена. Не знам зошто толку го брзате законот имате дваесет дена за формирање влада, рече Апасиев.

    Се воведуваат пет нови министерства, а најмалку четири од овие 20 министерства, вели тој, не требаат.

    -Министерство за европски прашања не треба да постои, исто министерство за локална самоуправа, следно министерство за дигитална трансформација и донекаде министерство за спорт. Суштинско министерство кое очекував да го најдеме е министерство за урбанизам, рече Апасиев кој смета дека некои од министерствата би требало да бидат во други градови од земјава. Изненадува дека се тргаат инспекторатите.

    Апасиев рече дека пратениците на Левица ќе гласаат против носењето на измените бидејќи ВМРО-ДПМНЕ не го прифатиле предлогот за една изборна единица.

    Носењето на измените и дополнувањата на Законот за организација и работа на органите на државната управа се вовед во формирањето нова влада меѓу коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ. Мандатарот Христијан Мицкоски, кој исто така е и предлагач на измените, најави дека нова влада би можело да биде формирана пред истекувањето на дваесетдневниот рок што  започна да тече во четвртокот на 6 јуни.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Спортпред 7 часа

    КК Гостивар со важна победа во плејаутот против Шкупи! (81-78)

    Македонијапред 8 часа

    Од утре привремена промена во сообраќајот на делницата Желино – Тетово

    Македонијапред 10 часа

    Синдикален првомајски протест за повисоки плати и подобри услови за работа

    Гостиварпред 12 часа

    Како до повеќе зеленило во Гостивар-Презентирана Студија за раззеленување на градот

    Светпред 13 часа

    Земјотрес од 6,2 степени според Рихтер го погоди Истанбул

    Гостиварпред 14 часа

    Сѐ повеќе читатели во библиотеката во Гостивар-Лимани во посета на установата по повод Светскиот ден на книгата

    Македонијапред 15 часа

    Акција на МВР и ОЈО ГОКК за сторени кривични дела на штета на Фондот за здравство

    Здравје и убавинапред 16 часа

    Што да јадете за подобро здравје на цревата?

    Македонијапред 18 часа

    Просечната плата во февруари изнесува 43.053 денари, објави ДЗС

    Што, како, каде?!пред 3 недели

    Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!

    Македонијапред 2 недели

    Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

    Македонијапред 2 недели

    Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос

    Гостиварпред 4 недели

    Гостиварец пријавен за напад врз поранешната сопруга и нејзините мајка и партнер

    Магазинпред 2 недели

    Цвеќиња кои треба да ги посеете оваа пролет во вашата градина

    Занимливостипред 3 недели

    Како да ги искористите силика гел пакетчињата во секојдневниот живот

    Рецептипред 3 недели

    Посен десерт со лесна и брза подготовка, а одличен вкус

    Македонијапред 4 недели

    Објавени правните лица на кои ќе им бидат одземени лиценците за градежно работење и урбанистичко планирање

    Гостиварпред 4 недели

    Тамара од Гостивар вечерва на престижниот фестивал Сан Ремо Јуниор: Ќе пеам во чест на жртвите и повредените во пожарот во Кочани!

    Гостиварпред 3 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 3 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 4 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 5 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 7 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 9 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement
    Smartwatch

    Паметен часовник со USB

    ~611 ден
    Купи сега
    Полнач

    12V Батерија Полнач

    ~248 ден
    Купи сега
    Гланц крема

    Гланц крема за гума и браник

    ~146 ден
    Купи сега
    Држач

    Магнетен држач за телефон

    ~98 ден
    Купи сега
    Паста

    Паста за поправка на кожа

    ~125 ден
    Купи сега
    Слушалки

    Bluetooth слушалки

    ~260 ден
    Купи сега
    Selfie

    Селфи видео далечински

    ~173 ден
    Купи сега
    Лампа

    LED батериска лампа

    ~170 ден
    Купи сега
    Фустан

    Женски фустан

    ~489 ден
    Купи сега
    Дрон

    Дрон со далечинска контрола

    ~999 ден
    Купи сега
    Мемориска

    Micro SD мемориска картичка

    ~134 ден
    Купи сега
    Правосмукалка

    Правосмукалка за автомобил

    ~379 ден
    Купи сега
    Одвртувач

    Електричен одвртувач

    ~710 ден
    Купи сега

    Популарно изминативе 100 дена