Македонија
Со актуелната методологија, порастот на минималната пензија е околу 4.000 денари, вели Тренчевска

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во утринската програма на Македонската телевизија, зборуваше за пензиите, моменталната методологија за усогласување на пензиите, состојбата на пензискиот систем и барањата на пензионерите кои излегоа на протест.
„Кога бев избрана за министерка прва работа што ја направивме беше воспоставување на системско решение за постојан раст на пензиите, методологија која ги следи инфлацијата и просечната плата. Решение согласно кое пензијата нема да биде условувана од ниедна влада и политичка партија,“ рече Тренчевска.
Министерката истакна дека секој март и септември пензиите се усогласуваат со оваа методологија. Како и дека од 2022 година досега, пензијата е зголемена за 24 отсто. Таа потенцираше дека сепак не мисли дека минималната пензија е висока, но од 9000 денари таа согласно последното усогласување расте за околу 4000 денари односно ќе биде над 13.000 денари.
Министерката смета дека протестите на пензионерите не се спонтана реакција, туку зад нив стои опозицијата односно ВМРО-ДПМНЕ.
Во врска со вчерашната средба со претставниците на Иницијативниот одбор на пензионери кои протестираа, таа порача дека вратите на министерството се отворени за секој граѓанин, за информација, барање и потреба. Барањата кои беа истакнати од страна на Иницијативниот одбор ќе се разгледаат.
Таа постави прашање, во однос на тоа дали 18.000 минимална е праведно за сите пензионери, ако имаме предвид дека најголем дел од пензионерите со минимална пензија имаат пократок работен стаж, а останатите што примаат околу 20.000 денари имаат подолг работен стаж и нивниот влог да го изедначиме со оние кои немаат влог како нивниот.
Министерката информираше дека денеска ќе се одржи состанок со Сојузот на пензионери на Македонија, како легитимно тело кое ги претставува пензионерите и ќе се отвори дискусијата за барањата на пензионерите кои протестираат, но и други прашања.
-
Македонијапред 2 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 2 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
Фото глетка од Гостивар на дождлив јунски ден