Поврзи се со нас

Вести

Со изложба на дела од средношколците заврши проектот „Стоп за говорот на омраза“ во Гостивар

Објавено

на

    Средношколците од гостиварските училишта, преку уметноста го кренаа својот глас против говорот на омраза. Во средното економско училиште во Гостивар, денес беа изложени дела создадени од учениците, на тема „Стоп за говорот на омраза“, со која се заокружи истоимениот проект на Отсекот за превенција на Секторот за внатрешни работи Тетово, ОБСЕ и локалната самоуправа.

    „Целта на проектот беше младите да се зближат, да ги надминат предрасудите, да се дружат, при тоа почитувајќи ги основните начела на заштитените карактеристики на поединци или група на луѓе, како што се верската , националната, расната припадност“, рече Илија Ѓурчиноски, инспектор во Отсекот за превенција на СВР Тетово

    Претставникот на ОБСЕ,  Ѓулас Сефери, истакна дека превенцијата на говор на омраза е многу важна, затоа што ако не се спречи навреме, може да премине во насилство. „Еден од ефикасните начини на спречување на оваа појава е преку подигнување на свеста кај младите преку информирање, а токму кон тоа се стремиме преку овој проект“, рече Сефери.

    На изложбата беа избрани десетина најуспешни слики, за кои на авторите им беа доделени пригодни награди и признанија.

    „Учениците на најдобар можен начин покажаа како да се стави крај на говорот на омраза. Како локална самоуправа секогаш ќе ги поддржуваме ваквите проекти и иницијативи“, рече во своето обраќање Аслијан Снопче од општинскиот сектор за образование.

    Проектот „Стоп за говорот на омраза“ стартуваше на почетокот на декември годинава и со него вкупно беа опфатени над 2.500 ученици во прва година од шестте тетовски и четирите гостиварски средни училишта. Преку обуки и креативни работилници тие се  информираа како да го препознаат говорот на омраза, како да се воздржат од истиот и кои можат да бидат личните и општествено негативните последици.

    Сподели ја веста:
    Остави коментар

    Оставете коментар

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Македонијапред 2 часа

    Се слави Велигден, најголемиот празник за христијаните

    Гостиварпред 3 часа

    Тешко повреден мотоциклист, излетал од патот Гостивар-Кичево

    Гостиварпред 12 часа

    Гостивар: Празникот над празниците дочекан со трепет во срцата, Христос Воскресе – Навистина Воскресе!

    Македонијапред 17 часа

    Митрополитот Јосиф со честитка до верниците за Христовото Воскресение

    Светпред 19 часа

    Православните и католиците годинава слават Велигден на ист ден

    Светпред 20 часа

    Рускиот претседател Путин објави велигденско примирје – запираат сите воени операции

    Светпред 22 часа

    Благодатниот оган се спушти во Ерусалим: Светлина на Воскресението и надеж за светот

    Гостиварпред 23 часа

    Маж и жена од Гостивар и битолчанец починаа во синоќешната тешка сообраќајна несреќа

    Македонијапред 24 часа

    Пасхално послание од Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан

    Што, како, каде?!пред 2 недели

    Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!

    Македонијапред 1 недела

    Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

    Македонијапред 1 недела

    Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос

    Спортпред 4 недели

    Гостиварецот Воислав Мерџановски нов претседател на Шаховската федерација на Македонија

    Гостиварпред 3 недели

    Гостиварец пријавен за напад врз поранешната сопруга и нејзините мајка и партнер

    Магазинпред 1 недела

    Цвеќиња кои треба да ги посеете оваа пролет во вашата градина

    Македонијапред 4 недели

    Објавени правните лица на кои ќе им бидат одземени лиценците за градежно работење и урбанистичко планирање

    Гостиварпред 4 недели

    Тамара од Гостивар вечерва на престижниот фестивал Сан Ремо Јуниор: Ќе пеам во чест на жртвите и повредените во пожарот во Кочани!

    Рецептипред 3 недели

    Посен десерт со лесна и брза подготовка, а одличен вкус

    Гостиварпред 3 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 3 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 3 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 5 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 7 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 9 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Популарно изминативе 100 дена