Поврзи се со нас

Македонија

Со колкав број на гласови без избрани претходните претседатели на државата?

Објавено

на

Во државава денеска се одржува вториот круг од шестите претседателски избори, од кои треба да се добие петиот претседател на државата. На 3.480 избирачки места во Републикава и на 32 во странство на шестите претседателски избори можат да гласаат 1.808.131 граѓанин запишани во избирачкиот список.

Актуелниот шеф на државата Ѓорге Иванов беше избран од граѓаните во два последователни мандата.

Со колкава излезност и број на гласови без избрани претходните претседатели на државата?

На првите непосредни претседателски избори во 1994 година на гласање излегоа 1.053.761 граѓани, а за шеф на државата беше избран Киро Глигоров со освоени 715.087 гласови во првиот круг на гласање.

Неговиот наследник Борис Трајковски во 1999 година беше избран во втор круг со 582,808 гласови, а на гласање излегоа 1.112.153 граѓани, односно 69,06 отсто. Во избирачкиот список тогаш биле запишани 1.610.340 избирачи.

Следниот претседател Бранко Црвенковски во 2014 година беше избран, исто така, во вториот круг со гласовите на 550.317 од вкупно излезените 909.289 или 53,64 отсто граѓани. Во избирачкиот список имаше 1.695.103 избирачи.

Ѓорѓе Иванов во 2009 година кога за прв пат беше избран за претседател во вториот круг доби поддршка од 453.616 граѓани, а вкупно на гласање излегоа 764.039 или 42,63 отсто од граѓаните. Таа година во избирачкиот список биле запишани 1.792.082 избирачи.

Вториот мандат во 2014 година Иванов го освои со 534.910 гласови, од вкупно излезените во вториот круг 967.676 или 54,38 отсто изибрачи. На тие претседателските избори право на глас имаа 1.779.572 граѓани.

На првиот круг од претседателските избори што се одржа на 21 април, според податоците што ги објави Државната изборна комисија излезноста, излезеноста изнесуваше 42,81 отсто или на гласање излегле 753,520 граѓани. Првиот круг од изборите ќе биде запаметен по слабата излезност.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена