Поврзи се со нас

Гостивар

„Со новата програма преку МојДДВ кај граѓаните ќе се враќаат уште повеќе пари“ – изјава на Филипоски од СДСМ

Објавено

на

Мерките, проектите и програмите од областа на финансиите и земјоделството се денешниот фокус во изјавата на кандидатот за пратеник од СДСМ од Гостивар, Драгољуб Филипоски.

„Преку проектот МОЈ ДДВ за само 3 квартали вратени се 10.7 милиони евра кон граѓаните и подобрена е наплатата на ДДВ во буџетот. Со оваа мерка за прв пат државата враќа пари директно на сметките на граѓаните, а апликацијата ја користат над 300.000 наши граѓани. Во новата програма за следниот четиригодишен мандат предвидуваме враќање на уште повеќе пари назад кај граѓаните и компаниите. Го зголемуваме лимитот за повратот на  ДДВ кон граѓаните, од 600 на 800 денари  месечно. Тоа се 2,400  денари  за  поединец  за  тромесечие   односно  9.600  денари  годишно. Тоа се пари плус во семејниот буџет, кои граѓаните ќе ги вратат назад во домашната економија. Истовремено, продолжуваме со навремен, редовен и неселективен поврат на ДДВ кон фирмите.“, нагласува тој.

Филипоски се осврнува и на земјоделието. „Во изминатите 3 години покажавме што значи вистинска грижа за земјоделците и земјоделството. Субвенциите ги зголемивме, исплатат се одвива редовно, навремено и неселективно.За овие три години, овозможивме директна и индиректна поддршка во земјоделството во историски рекорден износ од над 430 милиони евра. Ја воведовме зелената нафта. 200 милиони денари завршија назад кај 55.000 земјоделци. Поддршката за млад земјоделец ја зголемивме од 10.000 евра на 20.000 евра. Важно ни е земјоделството, важни ни се земјоделците, затоа, грижата за нив во следните четири години продолжува уште повеќе. Годишната финансиска поддршка за земјоделството и руралниот развој ја димензионираме на 200 милиони евра. До 2024 година обезбедуваме целосно бесплатна 100% субвенционирана „зелена“ нафта  за сите земјоделци и двојно повеќе пари за поврат на персоналниот данок за земјоделците. Градиме и три нови откупно диструбивни пунктови во Ресен, Скопје и Струмица, за сигурен пласман и поконкурентно производство.“, се вели во неговата изјава.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена