Поврзи се со нас

Вести

Со радост и песна најавено Христовото раѓање – Бадникова поворка 2019 во Гостивар (фото)

Објавено

на

Студеното време не ги спречи дечињата во голем број да бидат дел од Бадниковата поворка во Гостивар и со песна да го најават Христовото раѓање. Малите ангелчиња со ѕвезди во рацете, тргнаа од црквата „Пресвета Богородица“ на градскиот плоштад, поминаа низ улиците „Илинденска“ и „Гоце Делчев“ и завршија во црквата „Св.Петка“, кај железничката станица. Носејќи ја Витлеемската пештера на чело на поворката, ја проширија радосната вест за раѓањето на спасителот меѓу верниците. Придружувани од свештенослужителите од гостиварското архиерејско намесништво, со радост и со гордост ја пееја коледарската песна Вечниот Бог.

Бадниковата поворка во Гостивар годинава се одржа по четврти пат. Настанот го организира црквата „Пресвета Богородица“ со благослов и поддршка на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија.

Нека е за многу години!

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена