Гостивар
Со вечерна богослужба започнува одбележувањето на Голема Богородица во Леуново

Православните христијани утре го одбележуваат празникот Успение на Пресвета Богородица во народот познат како Голема Богородица. Во црквата Успение на Пресвета Богородица во Леуново, одбележувањето на празникот започнува денеска попладне, со вечерна богослужба (17:30) часот.
На денот на празникот утре со почеток во 08.30 часот ќе се одржи Света Божествена литургија со пеење лепче на леунчани и сите останати кои ја слават славата. Традиционалниот народен собир ќе започне од 10 часот.
„Празникот Голема Богородица во село Леуново се негува од памтивек, нашите предци како така успеале да ја зачуваат оваа традиција низ вековите, сега обврската е наша. Ние сме сега должни да ја одржуваме и пренесеме оваа чест на нашите наследници. Како и секоја година така и оваа подготовките за празникот се започнати од поодамна, среден е просторот околу црквата, исчистена црквата, завршени сите набавки, за се` да помине како доликува и како тоа го правеле леунци низ вековите. Ги повикуваме сите леунчани, како и сите верници и пријатели на селото, да присуствуваат на овој најголем ден во годината во Леуново“, вели Димитрије Лазаревски, претседател на црковниот одбор на с.Леуново.
Празникот Голема Богородица во село Леуново се негува векови наназад, евидентирани записи има од 1866 година кога е отпочната градбата на оваа црква. Пресвета Богородица е заштитничка на селото Леуново и затоа се празнува како селска слава.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!