Гостивар
Собир и положување цвеќе за празникот 11 Октомври во Гостивар

Денешниот празник Денот на востанието и Ден на борецот, 11 Октомври, во Гостивар се одбележа со пригоден собир и положување на цвеќе. Чествувањето го организираше општинскиот одбор на Сојузот на борци, а се одржа пред споменикот на паднатите борци во градскиот парк.
За антифашистичката и национално-ослободителна борба на македонскиот народ, пред присутните осврт направи професорот по историја, Горан Павлоски, кој меѓудрутото истакна:
„Македонскиот народ се вклучи во антифашистичката борба без да чека некој друг да му донесе слобода, но сам да си ја извојува својата национална слобода. Во општиот развиток на НОД во Македонија беше зафатен и нашиот крај и напшите луѓе кои дадоа придонес во антифашистичката и национално-ослободителна борба. Во таа голема борба за слобода и жителите на Гостивар и селата создаваа Народно ослободителни одбори, кои како прва народна власт на ова подрачје дадоа голем придонес за севкупното НОД. Успешно ја водеа борбата против окупаторот и домашните предавници. Во одбраната на својот народ и борбата за слобода многу борц од гостиварскиот крај ги дадоа своите животи. На крајот дојде и светлиот ден кога Македонија беше ослободена и се пристапи кон нејзина обнова и за кратко време се постигнале големи успеси во нормализирањето на животот. Македонија продолжи да се гради како нова држава, а на 8 септември 1991-ва година стана самостојна, суверена и независна. Сето што е постигнато денес има свои корени во 11 Октомври, во почетокот на вооруженото востание, па преку таа борба до 2-ри август 1944-та година, денот на Првото заседание на АСНОМ, кога се удрени темелите на првата самостојна македонска држава по онаа на Самоил.“.
Букети цвеќе на споменикот положија делегации на боречката организација, ОО на СДСМ и ОК на ВМРО ДПМНЕ.
Одбележувањето се заокружи со едноминутно молчење во знак на почит кон загинатите за слобода.
-
Гостиварпред 1 месец
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 5 дена
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
„Сокче од морковче“… дознајте кои се огромните придобивки
-
Занимливостипред 2 недели
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 1 недела
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Ниќифорово може да даде уште една потврда дека Македонија е библиска земја
-
Македонијапред 6 часа
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава