Вести
Собир и положување на цвеќе во Гостивар: Двата Илиндена се трајни темели на денешна Македонија

По повод големиот национален празник Денот на републиката, 2-ри Август во Гостивар утрово се одржа пригоден собир со положување на цвеќе на споменикот на паднатите борци во градскиот парк. Одбележувањето на Илинден, традиционално го организира општинскиот одбор на Сојузот на борци Гостивар.
На настанот присуствуваа претставници на боречката организација, политички партии и граѓани.
„Двата Илиндена претставуваат една целина и еден без друг не може да се замислат, тие се трајни темели на денешна Република Македонија. Ако не беше Илинден пред 119 години и Илинден пред 78 години, сигурно не ќе се создадеше ниту држава, ниту потврда на националниот идентитет, развој на својата вековна култура и кодифицирање на македонскиот јазик. Илинден 1903 вечно е всаден во меморијата на секој Македонец. Во манифестот на Крушевската Република беше прокламирано дека сите што живеат на македонскиот простор се нарекуваат браќа и сестри и се повикуваа да се вклучат во заедничката борба за слобода, без разлика на вера и национална припадност. НОБ беше значајна, не само што беше дел од антифашистичкиот фронт, туку затоа што го оствари големиот македонски сон, создавање на македонска држава, а македонската нација доби широка верификација во светот. Патот до македонската борба беше долг со многу страдање и жртви. Се навраќаме на овие настани да им оддадеме почит на плејадата борци кои се бореа и изборија за слободна Македонска држава. Треба да го разбереме минатото, за да може оценката за сегашноста и проекцијата за иднината да ги направиме што поквалитетни.“ рече меѓу другото во своето обраќање претседателот на боречката организација, Радислав Ѓиноски.
Одбележувањето на 2-ри август, во Гостивар продолжи со положување на цвеќе на споменикот на паднатите борци, а со едноминутно молчење им беше оддадена почит на загинатите борци за слобода.
Цвеќе положија делегации на Сојузот на борци, општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ и на општинската организација на СДСМ.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 3 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?
-
Македонијапред 3 месеци
Месецов исплата на парите од МојДДВ за период октомври-декември 2024