Поврзи се со нас

Гостивар

Собир и положување на цвеќе во Гостивар по повод Денот на Републиката

Објавено

на

Во чест на големиот македонски празник, Илинден, Ден на републиката во Гостивар утрово се одржа собир пред споменикот на паднатите борци во НОВ, кој традиционално го организира гостиварскиот општински одбор на Сојузот на борци.

На настанот присуствуваа членови на боречката организација, на здруженија и претставници на локалните политички партии.

Професорката по историја, Катица Аврамоска потсети на историските димензии и значењето на Илинден во градењето на слободна и независна Македонија.

„Се остварија вековните стремежи на многу генерации да живеат во своја држава. Актерите на настаните од двата Илиндена се вселени во историјата како личности, кои не само што знаеле да ја изберат вистинската страна, туку со својата решеност, политичка процена, борба и пожртвуваност ги задолжуваат сегашните и идните генерации. Сите ние, треба да го разбереме минатото, за да може оценката за сегашноста и проекцијата за иднината да ги направиме што поквалитетни. Нека ни е честит празникот, нека ни се вековити слободата и државата“, рече меѓу другото, Аврамоска.

Одбележувањето на Илинден продолжи со положување на цвеќе на споменикот на паднатите борци. Букети положија делегации на Сојузот на борци, на општинската организација на СДСМ и на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ.

Потоа, присутните со едноминутно молчење им оддадоа почит на борците кои ги положиле своите животи за слобода.

Оваа година се одбележуваат 121 година од Илинденското востание и 80 години од одржувањето на Првото заседание на АСНОМ, под мотото „Борбата трае“.

Почетокот на Илинденското востание го објавиле камбаните во Крушево на полноќ спроти Илинден 1903 година. Околу 800 востаници го ослободиле градот, а по два дена Никола Карев ја прогласил Крушевската Република и станал нејзин претседател… Слободната Република траела десет дена. Под команда на Бахтијар-паша, 18-илјадна османлиска војска тргнала во акција за враќање на власта во Крушево. Последните истрели на Мечкин Камен и загинувањето на војводата Питу Гули, го означиле и крајот на Крушевската Република.

Четириесет и една година по Илинденското востание, во манастирот Св. Прохор Пчињски кај Куманово 115 делегати го одржале Првото заседание на АСНОМ (Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија), на кое е потврдена општествено-правната положба на Македонија како рамноправна федерална држава во рамките на ДФ Југославија. Заседанието го отворил Панко Брашнаров, најстариот делегат и сведок на двата Илиндена. Избран бил  Президиум на АСНОМ, под претседателство на Методија Андонов-Ченто.

Заседанието усвоило неколку документи со државотворно значење, меѓу кои и Решението за воведување на македонскиот јазик за службен јазик во македонската држава и Декларацијата за основните права на човекот и граѓанинот на демократска Македонија.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Здравје и убавинапред 6 часа

Три чаеви за тенок струк

Македонијапред 9 часа

Европска недела на мобилност: Изберете активен живот, движењето е здравје!

Гостиварпред 10 часа

Хуманитарното здружение „Д-р Трајче Нешковски“ и Општина Гостивар потпишаа меморандум, обезбедени образовни асистенти за средношколци со попреченост

Македонијапред 11 часа

„Студентски отпор“ со петиција за укинување на новите повисоки трошоци за студирање

Македонијапред 12 часа

Се намалува цената на горивата од полноќ

Македонијапред 12 часа

Скоро 2.500 лица во јавното здравство се со договори, се бара начин за трајни вработувања

Гостиварпред 14 часа

Жител на Чегране пријавил напад и оштетување на неговото возило

Македонијапред 14 часа

Граѓаните да внимаваат-Нови измами преку уреди за фишинг за превземање на платежните сметки

Вестипред 15 часа

Германија воведува проверки на сите граници со цел да се ограничи миграцијата

Гостиварпред 1 месец

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 6 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 6 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 8 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 8 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 9 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 9 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 1 година

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 1 година

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Огласи за работа:

следете нѐ и на телеграм

Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена